Навика која сите ја имаме, а треба веднаш да се ослободиме од неа
Се чини како неодминлив одговор на најобичното прашање, но од другата страна личноста која го слуша тој одговор може да заклучи не баш позитивни работи за вас како личност. На едно од најчестите прашања многу лесно давате лажен одговор, а треба веднаш да се ослободите од навиката.
Дали сте дел од оние кои на прашањето „Како си?“ одговараат со „Добро“? Ако ја имате оваа навика, научниците од Универзитетот во Орегон би ви препорачале веднаш да се ослободите од неа.
Тие докажале дека со овој тривијален одговор не оставаме добар впечаток и подобро е искрено да одговориме.
„Сум се чувствувал/а и подобро“ е одговор кој многу повеќе им се допаѓа на луѓето.
Во спротивно, неискрениот одговор остава впечаток дека сте ладна, затворена и несимпатична личност.
Со други зборови, глумењето на среќа за да не го пренесеме своето расположение на луѓето околу нас, всушност е лоша работа која не треба да ја практикувате.
Бидете искрени и отворени. Тоа нема да ви штети ниту вам, ниту на луѓето околу вас.