Мажите не сакаат лампиони

Без разлика како изгледаат, мажите секогаш се посамоуверени од жените. Жените никогаш не се сигурни дали карминот им е иста нијанса со лакот на ноктите, кој ѓердан да го стават, дали бојата на косата им одговара на тенот и мал милион други ситници. Добро, не велиме дека нема самоуверени жени и секоја чест за нив доколку навистина изгледаат речиси совршено.

mazite-ne-sakaat-lampioni-01.jpg

Од друга страна, жените се постојано во некаква си тивка војна за да бидат што подопадливи и попровокативни. Во битките употребуваат најразлични оружја, од добро познатиот црвен кармин и високи потпетици па сè до разни силикони, надградби на коса, пластики на ноктите, циркончиња на забите и што уште не!

Една работа која е можеби најпровокативна е самодовербата. Вистински созреаниот маж знае дека убава девојка не значи лице со пакетче пудра, 200 грама пластика, животински влакна, линии и тонови во хаос.

Самодовербата и сјајот во очите е она што ја прави жената женствена. Битен зачин е и насмевката. Велиме ДА за ситна и суптилна провокација, а не маичка која личи на градник. Коко Шанел, најголемата модна икона рекла: „Жената е најблиску до голотијата кога е убаво облечена!“

Се запрашавме што е провокативно за мажите?

Испадна дека и тие не се толку едноставни како што мислевме и дека сечие мислење е во целост различно од некое друго. Додека за некои мажи секси е црната чипка, некои велат дека нема ништо посекси од девојка во дрес од нивниот омилен клуб и памучни килоти.

Не постојат мажи кои што сакаат жени кои наликуваат на лампиони или уште пострашно на накитена новогодишна елка. Излезе дека и длабоките деколтеа и пуш-ап градници ја напуштаат листата на најпосакуваните нешта кај мажите. Еден пријател прокоментира: „Нема ништо посекси од тоа да фантазирам, отколку сè да ми биде сервирано!“

Мажите сакаат жени кои изгледаат природно. За мажите убава глетка е кога таа ќе се разбуди во негова прегратка, ненашминкана, со бушава коса и засипнат глас, а не со размачкана шминка под очите.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg