Тајно прави фотки тогаш кога младоженците не гледаат во камерата

Секој може да го потврди фактот дека правењето на свадбените фотографии е стресна работа за секого. Најмногу поради притисокот дека треба да изгледате совршено на нив, затоа што ви остануваат за цел живот.

tajno-pravi-fotki-togas-koga-mladozenvcite-ne-gledaat-vo-kamerata-01.jpg

Токму затоа не е ни чудно што некои фотографи кои се задолжени да ги прават свадбените фотографии се одлучуваат на различни начини да ги измамат гостите и младоженците  за да изгледаат поприродно и релаксирано.

Вес Ајзенхауер е еден фотограф кој често се служи со еден мал трик. Тој на гостите и младоженците им вели да се ослободат и релаксираат меѓу фотографиите, а токму тогаш тој ги фотографира.

Ајзенхауер од неодамна споделил фотографија од мала свадба во Јанктон под која објаснува:

„На клиентите им кажувам да се релаксираат за време на паузите од фотографирање и тогаш правам многу повеќе фотографии“.

tajno-pravi-fotki-togas-koga-mladozenvcite-ne-gledaat-vo-kamerata-1.jpg

На прв поглед, можеби ви се чини како нешто што не би сакале да ви се случи вам, но реалноста е дека така фотографиите изгледаат многу поприродни, слободни и поубави.

Голема е веројатноста дека ќе ви се допадне и самото изненадување кога ќе погледнете фотографија која никогаш не сте очекувале дека е направена.

Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 потсетници за миговите кога мислите дека треба да се откажете од големите соништа Не заборавајте дека најголемите соништа не стануваат реалност преку ноќ и мора д...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg