8 работи кои може да ги правите кога сте осамени

Сите имаат периоди кога се чувствуваат осамено. Не затоа што вистински немаат никој покрај себе, туку може и сами да се оддалечуваат од луѓето, да имаат потреба поинаку да го исполнат времето.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-01

Има неколку едноставни секојдневни работи со кои може да го пополните времето ако сте осамени, а при тоа или да се забавувате добро, да научите нешто ново или да запознаете некој. Осаменоста понекогаш ви дава можност да размислите за некои други работи кои не сте ги забележувале или не сте ги помислиле бидејќи сте биле презафатени или постојано во нечие друштво. Научете да уживате и сами.

1. Читајте добра книга

Ова е една од најдобрите работи кои може да ги правите кога сте осамени. Одберете книга со добра приказна, со повеќе ликови, почнете да читате и препуштете се да ве води животот на ликовите. Така заборавате на вашата осаменост и ги преживувате случувањата на ликовите.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-1


2. Вежбајте

Кога вежбате ја исфрлате сета негативна енергија, се чувствувате полесно, а правите и добра работа за вашето тело. Може и да ѝ бидете благодарни на осаменоста што ве натерала да вежбате и да го затегнете телото, на кое сте заборавиле во претходниот период.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-2


3. Разгалете се

Осаменоста е одличен повод за да се разгалите. Да си дозволите повеќе време, пари и внимание само за себе. Потрошете малку повеќе пари на шопинг, згответе си нешто вкусно, направете си некој едноставен третман за нега и опуштање. Топла миризлива купка, маникир или јога се одлично решение.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-3


4. Чистете

Колку и да ви се чини бесмислено, досадно и заморно, докажано е дека чистењето расположува. Заморот и неволноста вообичаено ви се јавувале заради сите претходни обврски, па чистењето ви било одбивно. Но ако имате доволно време, сами сте и нема кој да ви пречи, пуштете си ја омилената музика и исчистете ја куќата или барем собата. Ќе почувствувате поинаква енергија.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-4


5. Пронајдете ново хоби

Сега имате можност да размислите што навистина сакате да правите. Дали е можеби пишување дневник, изразување на чувства преку поезија, цртање, сложување на сложувалка, свирење, пеење или што и да е. Ослободете се и пуштете ги работите да ви се случуваат.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-5


6. Запишете некој курс

Ако сепак не можете да се одвоите од луѓето и информациите, не се заглавувајте во рутината. Запишете се на некој нов курс за јазик, готвење, компјутери, општествена комуникација, креативно пишување или нешто што можеби сметате дека немате талент, но сакате да го научите.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-6


7. Придружете се на некоја социјална мрежа или форум

Форумите се одлични места каде на најразлични теми може да разменувате мислења, да се изразите себе и своите ставови, а можеби и да си отворите нови видици.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-7


8. Волонтирајте

Понекогаш не треба сè да правите заради пари. Некои работи треба да ги правите и само заради добра волја, а со тоа ќе ви се врати на поинаков начин кој може многу повеќе да го цените од парите кои би ги потрошиле. Волонтирајте во хуманитарни организации, подготовка на фестивали, настани на кои се потребни многу луѓе. Ќе научите нови вештини, ќе стекнете искуство, ќе бидете задоволни со себе и при тоа ќе се забавувате.

8-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-dodeka-ste-osameni-8

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg