Слатка одмазда на изневерена девојка
Писмото на девојката која открила дека дечкото ја изневерува стана вистински хит на Интернет. Таа, преку неговиот Фејсбук профил, открила случајно дека има друга, па решила да си поигра со него.
„Драг мој!
Погоди кој си го остави логиран Фејсбукот кај мене и доби порака од Келси? Да! Ти! Но, не грижи се, не зафркнав ништо. Всушност, бев толку фина што дури и ти ги спакував парталите! Смислив и супер игра, пошто гледам дека сакаш да бараш (на пример други девојки). Еве како ќе си ги најдеш кај ти се работите:
- Алиштата ти се на местото каде се запознавме.
- Видео игрите ти се на местото каде што прв пат се бакнавме
- Лаптопот ти е во продавницата каде прв пат купивме заедно видео игра
- Телевизорот ти е таму кај што прв пат имавме секс
- Сè останато, вклучувајќи ги и фотографиите од последните две години од нашиот заеднички живот ти е кај Келси!
- Забавувај се! И иако ништо не ти скршив, не можам да гарантирам дека некој друг нема да ги пронајде прв! Среќен лов!