Најинтересните велигденски обичаи ширум светот
Велигден е најголемиот христијански празник, па затоа ширум светот постојат голем број на различни обичаи и верувања. Сите тие се разликуваат од земја до земја, од регион до регион.
Некои се навистина блиски до оние во кои ние веруваме и ги практикуваме, додека други можеби ќе ве зачудат до степен на неверување.
Сепак, ви ги претставуваме најинтересните велигденски обичаи кои владеат ширум светот токму во следниве неколку дена.
Во Европа се практикуваат многу различни велигденски обичаи, а на нејзиниот далечен север наидовме на еден доста интересен, токму во Норвешка. Таму на Велигден сите сакаат да уживаат во улогата на детектив, на па на телевизија пуштаат филмови со детективски жанр, а во новостите се објавуваат различни криминални приказни.
Исто така, постои обичај кој потекнува уште од далечното минато, а го најдовме во Данска, каде сите жители носат по некоја кришка леб во џебовите која на полноќ ја споделуваат со своето семејство.
Во Шведска и Финска децата се облечени како вештерки и собираат слатки во замена за велигденски украси, а овој обичај има корени од скандинавските народи кои верувале во традицијата дека велигденските симболи се благослов за домот.
Во срцето на Тоскана, во прекрасната Фиренца, Велигден се слави на доста необичен и уникатен начин. Голема шарена кола, која ја влече бел вол, поминува низ целиот град. Погледнете како тоа изгледа во само неколку минути.
Дел од Латинска Америка за време на Велигден, традиционално организира лов на зајци, додека во Бразил ден пред велигден џебовите се полнат со парчиња кварц кој се остава на денот на Велигден во домот.
Во Аргентина луѓето на овој ден се собираат на улиците за да играат заедно и пеат традиционални песни и веруваат дека само со веселба соодветно ќе го прослават Христосовото воскресение.
Откако отпатувавме низ различни краеви, кои се вашите најомилени Велигденски обичаи кои секоја година ги практикувате со задоволство?