Како да го отстраните непријатниот мирис од цигарите

Непријатниот мирис од цигарите кој се задржува во просторијата уште долго откако цигарата е изгасната, може да направи да се почувствувате како да живеете во кафуле. Познато е дека оној застојан мирис на никотин повеќе им пречи на непушачите, отколку на оние кои пушат. Кај некои од нив ваквиот воздух во просторијата предизвикува главоболка, а кај други кашлање.

kako-da-go-otstranite-neprijatniot-miris-od-cigarite-1

Ако сакате да се ослободите од непријатниот мирис на цигарите, следат неколку совети.

Исперете сè она што може да се испере

Најмногу мирис впиваат завесите и мебелот во домот. Па, веднаш по заминување на гостите – пушачи, исперете ги завесите, а мебелот поминете го со правосмукалка на пареа, која освен што ќе го исчисти и ќе го освежи.

Оцет

Ове е стар и ефикасен трик. Во еден помал сад ставете малку оцет и оставете го да отстои преку ноќта. Докажано е дека оцетот мистериозно го отстранува непријатниот мирис од цигарите.

Лимон или портокал

Потребна ви е кората од наведеното овошје. Распоредете ја насекаде во домот, а таа ќе помоне во ублажување на непријатниот мирис.

Сода бикарбона

Просејте малку сода бикарбона во просториите каде се пушело и оставете ја неколку саати да делува. Потоа всмукајте ја. Содата има способност да апсорбира мириси.

kako-da-go-otstranite-neprijatniot-miris-od-cigarite-2

Кафе

Исто како и содата, така и кафето ја има способноста да впива мириси. Но, внимавајте да не оставите дамки онаму каде ќе го ставите. Најдобро е да го ставите во филтер кесички и така спакувано да го распоредите во домот.

Јаглен

Иако, може да си го извалкате домот, сепак неколку внимателно поставени парчиња може да направат чудо со мирисот од цигари.

Сијалица

Познато е дека вклучената сијалица привлекува чад, па сите светлосни тела ќе мора да ги исчистите порано или подоцна.

kako-da-go-otstranite-neprijatniot-miris-od-cigarite-4

Би можело да ве интересира:

Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg