Декорирајте го домот во уникатен велигденски стил

Бидејќи за неколку дена ќе треба да започнете со украсување на домот во велигденски стил, ви предлагаме неколку интересни начини како оваа година да го избегнете стандардното декорирање.

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-01

За почеток, научете дека не секогаш новото е подобро. Понекогаш и старите велигденски украси може да изгледаат одлично ако ги искористите правилно. Затоа, соберете ги сите украси на куп и вклучете ја креативноста.

Ако не знаете каде да ги ставите зајачињата и другите животинчиња кои ги имате како сувенири, одлично би било да им најдете место некаде меѓу домашните цвеќиња, боцнати на некое стапче или пак лесно поставени помеѓу цветовите.

Украсните јајца од стиропор или картон изгледаат одлично во стаклен сад. Доколку имавте обичај да ги закачувате, оваа година пробајте да направите дрво од суви гранки на кое ќе ги закачите или залепите. Или наједноставно – направете домашна велигденска икебана.

Не го заборавајте и свежото цвеќе во силни бои. Розовите и портокалови цветови се одлична комбинација за велигденската трпеза. Дали ќе ги ставите во стаклен сад, дали ќе ги наредите во мокар сунѓер и во дрвено кофчеже или пак ќе ставите малку вода во кора од јајце и ќе ги оставите да пловат, не е важно - важно е секогаш да имате свежо и мирисно цвеќе.

Заедно со идеите ви нудиме и неколку фотографии од кои може да црпите инспирација и да го декорирате домот на свој начин, со многу венчиња, цветни аранжмани и шарени јајца.

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-02

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-03

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-04

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-05

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-07

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-08

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-09

dekorirajte go domot vo unikaten veligdenski stil-10

Би можело да ве интересира:

Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg