Подгответе: Домашни чоколадни јајца

Сигурно ви текнува на чоколадните јајца со кремаста смеса во внатрешноста кои во детството ги обожававте. Сега имате начин како да ги подготвите за само неколку минути во домашни услови.

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-01

Состојки за околу 15 парчиња со средна големина:

  • Половина шолја мед
  • 6 супени лажици путер, стопен
  • 1 лажичка сол
  • Арома од ванила
  • 3 шолји шеќер во прав
  • Прехранбена жолта боја
  • 1 темно чоколадо, растопено

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-02

Ставете го путерот во сад, додајте го медот, солта и екстрактот од ванила. Мешајте со миксере додека не добиете еднолична, кремаста смеса.

Постепено додавајте го шеќерот во прав и мешајте додека смесата не добие густина.

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-03

Третина од добиената смеса одделете ја во еден помал сад и капнете неколку капки од прехранбената боја. Направете мали жолти топчиња и оставете ги да се стврднат во замрзнувач неколку минути.

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-04

Oд белата смеса направете мали кругчиња во кои ќе ги ставите жолчките кои ги направивте, како на сликата.

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-06

Потоа обликувајте ја смесата во вид на јајце и повторно вратете ги во фрижидер неколку минути.

Откако растопеното чоколадо ќе се подолади, во него брцнете ги јајцата кои ги направивте. Оставете ги да се оладат во замрзнувач околу 10тина минути.

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-05

Од одозгора може да украсувате со чоколадни трошки, цимет или пак да употребите бело чоколадо наместо темно. Изборот е ваш!

domasno-prigotveni-jajca-od-krem-i-cokolado-07

Би можело да ве интересира:

8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg