Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да им дадете „втор живот“ на старите перници?

Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одлично легло за нив. За што друго можете да ги искористите старите перници кои не се погодни за спиење?

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-01.jpg

Во зависност од тоа со што се полнети и колку добро се одржуваат, перниците траат во просек од две до три години. Најчесто по овој период, постојат неколку работи кои покажуваат дека време е да ги замените со нови.

На пример, ако перниците не ви ја држат добро главата при спиењето и вие почнувате да имате болки кога ќе се разбудите наутро, тоа е еден од знаците дека веќе не се за користење.

Уште еден јасен показател дека време е да ги обновите вашите перници, е тоа кога тие ќе почнат да пожолтуваат, а тоа најчесто се случува поради пот, средства кои претходно сте ги нанеле на косата, влажна коса и слично.

Ако, пак, почувствувате дека во перниците се создаваат грутки кои се тврди на допир, тогаш дефинитивно треба да се одлучите за нови.

Откако ќе им помине рокот на траење и ќе ги замените со нови, не мора да ги фрлате старите перници, туку можете да ги пренамените и да им дадете „втор живот“

Неколку идеи кои може да ви послужат како одлична инспирација:

Направете декоративна перница

Ако перницата е тврда на допир и се создале грутчиња, тогаш може да ја отшиете, да го извадите полнењето и да го ставите во нова навлака и да направите декоративни перничиња.

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-02.jpg

Направете перничиња за во двор

Слично на претходната идеја, извадете го полнењето од перницата и додајте го во мали навлаки кои ќе ви се вклопуваат на столот или гарнитурата за во двор, а може да направите комбинација од две или три перници.

Одозгора додајте материјал отпорен на вода и уживајте во вашето ново дело.

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-03.jpg

Направете креветче за вашето милениче

Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одлично легло за вашите крзнени пријатели.

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-04.jpg

Обновете ги старите меки играчки

Едноставно извадете го полнењето од перниците и додајте го во некои стари играчки кои веќе го изгубиле нивниот сјај.

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-05.jpg

Направете си перница за патување

Ако вие и вашето семејство патувате често, тогаш искористете ги старите перници за да го направите следното патување уште поудобно. Извадете дел од полнењето и направете навлака во буквата U, па наполнете ја.

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-06.jpg

Претворете ја во торба за пазарење

Отворете ја перницата, извадете го полнењето и искористете ја преостанатата ткаенина за да создадете торба.

Лесно е, не бара многу труд и време, а доволно е тенка за да ја собере и во вашата чанта при што можете и да пазарувате со неа.

interesni-idei-so-koi-na-starite-pernici-kje-im-dadete-nov-zhivot-07.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg