Чоколадно совршенство: Брз домашно подготвен еурокрем
Кога ви се јаде нешто чоколадно и сочно, а немате никаква идеја што би направиле, ви нудиме едно чоколадно совршенство повкусно дури и од купен крем.
Домашно приготвениот крем можеби нема да го намачкате на кришка леб, но сигурни сме дека ќе уживате додека ја лижете лажицата преполна со оваа густа смеса.
Потребни состојки за домашен крем:
- 6 јајца
- 500 грама млеко во прав
- 1 ипол маргарин
- 500 грама шеќер во прав
- екстракт од ванила
- 200 грама лешници
- 100 грама какао
- 1 чоколадо
Подготовка:
Изматете ги јајцата, додајте ги шеќерот и млекото во прав, екстрактот од ванила по вкус. Растопете еден маргарин, а потоа и чоколадото па потоа се заедно измешајте со дрвена лажица.
Поделете ја смесата на 2 еднакви дела. Во едниот дел додадете 100грама какао, а во другиот додадете ги мелените лешници.
По желба ставете и некоја друга арома или пак додајте некое свежо овошје. Направете си крем по ваша желба и уживајте!