Најскапиот коктел во светот
Моменталниот рекордер кој се најде во Гинисовата книга на рекорди е токму коктелот Salvatore's Legacy подготвен од страна на барменот Salvatore Calabrese. За прв пат овој коктел беше претставен во Лондон, пред публика која го следеше соборувањето на рекордот.
Рекордната цена на овој коктел изнесува 5.500 фунти за една чаша. Цената е апсурдно висока заради состојките кои Salvatore ги користел. Тука спаѓа неверојатно скап коњак и ликер, во вкупна вредност од милион долари заради староста на состојките. Овие пијалоци се стари по околу 200 години.
Оваа година се очекува и уште едно рушење на овој рекорд, најавен од еден бармен од Мелбурн. Тој тврди дека ќе успее да направи коктел кој ќе чини 12.500 долари и во него ќе го има коњакот кој неодамна беше продаден за рекордни 151.000 долари.