Пар кој ја живее приказната од “Notebook”

Веруваме дека сте запознаени со текот на приказната во овој романтичен филм. Како двајца млади кои се во љубов завршуваат заедно и по децении.

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-01

Но, како што староста доаѓа, така сеќавањето на девојката се губи па затоа Ноа со задоволство го буди нејзиното сеќавање за неверојатната љубов која ја доживуваат.

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-02

Но, овој тек на случувања е веќе виден во два реални животи.

На 4ти октомври во 1941 година, Џек Потер во својот дневник запишал дека танцувал со најпрекрасната девојка која некогаш ја запознал и дека навистина би сакал повторно да ја сретне.

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-03

Тој изјавил: „Таа беше неверојатна партнерка за танцување. И сè уште мислам дека е прекрасна жена. Ова дефинитивно беше љубов на прв поглед, сè во нашите животи доби смисла откако сме заедно. Беше чудесно!“

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-04

16 месеци подоцна тие двајца се венчаа и уживаат во заедничкиот живот од тогаш.

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-05

Во изминативе 70 години Џек чувал дневник во кој се запишани сите нивни приказни и љубовни шеги.

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-06

Од неодамна, на Филис и е дијагностицирана деменција. Исто како и во приказната со Али и Ноа, Џек секојдневно и го чита дневникот на својата сопруга во домот во кој таа живее.

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-07

Џек раскажува: „Често пати го земам дневникот каде што е запишано сè и неколку заеднички слики. Таа ужива во тоа! Кога и да се завртам накај неа, таа ги истегнува рацете и постојано ме прегрнува, толку многу е приврзана и покрај нејзината здравствена состојба. “

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-08

Тој продолжува: „Филис не може да се искаже баш најдобро и често пати кога и раскажувам и читам не одговара, туку само ужива, а јас продолжувам со приказните.“

par-koj-ja-zivee-prikaznata-od-notebook-09

Тие скоро ја прославија својата 70 годишнина од свадбата.

Нивното животно мото е „Што треба да биде, ќе биде. Ако треба да се случи, ќе се случи, ние само треба да се надеваме.“

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg