Оригами куќа – го менува обликот според временските услови
Постојат куќи за студени клими, кои се проектирани за да ја задржат топлината, а постојат и куќи за тропски предели чија архитектура дозволува циркулација на воздухот.
Но, се до сега не биле комбинирани тие два типа на куќи. Ова е неверојатна куќа способна за метаморфоза во осум различни конфигурации за да се прилагоди на сезонските, метеоролошките и астрономските услови.
Во лето спалните соби се свртени кон исток, што овозможува домаќините да се будат со првите зраци на сонцето.
Револуционерната куќа е базирана на работата на англиски математичар од почетокот на 20 век кој го открил начинот како квадратите да се поделат на четири дела и да се прегрупираат во рамностран триаголник.
Флексибилноста на куќата овозможува адаптација од зима во лето, од ден во ноќ, а куќата буквално, внатрешно се преуредува.
Дебелите надворешни ѕидови се претвораат во внатрешни, а стаклените сводови стануваат фасада, вратата може да стане прозорец. Куќата се состои од две спални соби, дневна соба од отворен тип и бања.