Искористете го каминот малку поинаку
Првичната улога на каминот во домот секако е да ве загрее и вас, и атмосферата во собата. Меѓутоа, доколку имате друго решение за греење, а каминот ви стои како неупотребен дел од ентериерот, ви нудиме неколку разиграни идеи.
Со текот на времето функцијата на каминот се менувала за денес да стане само необична декорација во домот.
Неупотребените камини користете ги како складиште за вашите дрва, вметнете полици и чувајте колоритни бои за да ја разиграте атмосферата, или пак едноставно, поставете старински свеќник со неколку свеќи кои романтично ќе го осветлат просторот.
Разгледајте ги најоригинално искористените неупотребувани камини. Можеби ќе ви послужат како инспирација за вашиот дом.