Новогодишно и Божиќно декорирање на домот
Вметнете ги црвените и зелените нијанси во вашиот дом за време на претстојните празници и почувствувајте го божиќното и новогодишно расположение.
Додадете зеленило низ целата куќа, без разлика дали тоа е некоја минијатурна елка или пак венец направен од зеленило.
На тој начин домот добива зимска атмосфера која можете да ја затоплите со многу црвени додатоци.
Во стаклен сад ставете црвени бонбони и поставете го садот на видно место. Додадете црвени перници и прекривки во дневната и спалната соба.
Свеќите се уште една задолжителна декорација. Во било која боја и форма да ги одберете – нема да погрешите. Кујната подновете ја со црвени или зелени чинии и божиќно украсени шолји.
Бидете креативни и не заборавајте дека постојат уште многу оригинални Божиќни декорации кои можете самите да ги направите.
За мала инспирација погледнете неколку одлично декорирани домови со празнична атмосфера.
-->
|