Тажна приказна: Вучјакот кој ја чува мртвата пријателка
Пред една недела, кучка настрадала на автопатот во близина на рускиот град Перма, а нејзиниот пријател германски овчар од тогаш верно ја чува, надевајќи се дека ќе се разбуди.
Мештаните на околното село потврдиле дека веќе 7 дена не се поместил од пријателката, која на патот ја удрил автомобил, а кучето ја одвлекло потоа на зелената површина.
Људмила Лаиш, една од селанките, раскажала дека селаните ги нарекуваат Ромео и Јулија и додала:
- Тој цело време се обидува да ја помести и седи покрај неа. Не можеме да ги прекинеме солзите кога го гледаме како ја милува својата мртва пријателка... како да сака да ја прегрне се обидува да ја подигне со шепите.
Децата секојдневно му носат храна на кутрето, но тој не јаде ништо. Одбива дури и месо и не дозволува никој да и се приближи на кучката на далечина од 10 метри.
Мештаните сакаат да ја закопаат, но сè уште не знаат како да го одвојат „Ромео“ од неа.