Очајни домаќинки и викинзи
Последниве години светот навистина полуде по реални шоу програми. Идеите полека пресушуваат и телевизиите овозможуваат ѕиркање во животите на...
...небитни и ни малку интересни луѓе, но публиката и тоа го голта како врвна забава. Оттаму и успехот на The Real Housewives... серијалите.
По The Real Housewives of Orange County се појавија оние од Њујорк, Атланта, Мајами, Беверли Хилс, Њу Џерси, па дури и Израел и Атина.
Бидејќи се најавуваат и локални верзии во Канада, Австралија и Англија очигледно лудилото нема наскоро да згасне, па се прашуваме како би изгледале проблемите на вистинските очајни домаќинки во минатото.
Да се биде викинг е тешко, но да се биде жена на викинг е многу потешко, вели аматерската трупа Periods, чиј краток филм Viking Wives покажува дека брачните проблеми и комшиските караници не се промениле многу низ историјата.
Единствено можеби е сменет начинот на кој изневерените сопруги ги решаваат проблемите :)