10 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да се смирите во стресни ситуации
Фокусирајте се на дишењето
Медитацијата докажано може да ве смири, а за почеток доволно е само да се фокусирате на вашето дишење.
Седнете во удобна положба со исправен грб и низ носот вдишувајте додека броите до четири.
Задржете го воздухот додека броите до четири, па испуштете го низ уста, повторно борејќи до четири.
Повторувајте сè додека не се почувствувате смирено.
Истегнете се
Лесните јога вежби кои ги истегнуваат мускулите ќе ве раздвижат доволно за да си го подобрите расположението.
И прошетката во природа има сличен ефект.
Прегрнете сакана личност (или перница)
Прегратките го стимулираат лачењето окситоцин – хормон кој може да ни го подобри расположението.
Ако сте сами, можете да прегрнете и перница бидејќи ова колку-толку ќе ви помогне да се смирите.
На глас кажете три работи за коишто сте благодарни
Кога ве обземаат анксиозните мисли, може да биде особено тешко да се фокусирате на нешто позитивно.
Токму затоа оваа вежба е ефикасна.
Кога сè ви изгледа „црно“, пробајте да се сетите на три работи за коишто сте благодарни.
И, ова може да бидат и работи кои делуваат дури и безначајно, како фактот дека имате кров над глава или партнер кој ве сака и цени.
Отворете го прозорецот
Кога цел ден сте во затворена просторија, отворете го прозорецот и вдишете малку свеж воздух за да се почувствувате подобро.
Ако немате можност да излезете во природа, доволно е и ова.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





