10 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да се смирите во стресни ситуации
Изедете парче кашкавал или коцка темно чоколадо и отворете го прозорецот ако не можете да излезете надвор.
Кога сме во стресна ситуација, може да биде тешко да си го одвлечеме вниманието од лошите мисли, па никако не ни успева да се смириме или да си го подобриме расположението.
Во ваквите ситуации, психолошките трикови можат да бидат од огромна помош.
Секако, ако имате проблем со анксиозност или слично ментално заболување, треба да побарате и помош од експерт.
Трикови кои ќе ви се најдат во стресни ситуации:
Џвакајте мастика
Џвакањето мастика може да ви помогне да си го пренасочите вниманието, и со тоа колку-толку да го намали чувството на анксиозност.
Според едно истражување, џвакањето мастика може да ви помогне да се смирите пред стресни ситуации, како полагање испит.
Испијте чаша вода
Дехидратацијата има влијание и врз менталното здравје, не само физичкото.
Па, ако испиете чаша вода, може да ги ублажите симптомите на анксиозност.
Од друга страна, избегнувајте кафе кога сте под стрес бидејќи може дополнително да ве дехидрира, но и да го влоши чувството на анксиозност.
Играјте игра
Игрите со загатки кои бараат да го активирате мозокот можат да ви помогнат да се смирите бидејќи ви го одвлекуваат вниманието од лошите мисли.
Истовремено, игрите за кои треба да размислувате можат да ви бидат од корист за подобрување на меморијата и вниманието.
Секако, важно е да бидете умерени и да не го поминувате цел ден во играње игри.
Запишете ги лошите мисли
Не залудно психолозите препорачуваат водење дневник за подобро ментално здравје.
Кога ќе ги ставите мислите на хартија, можете да си го подобрите расположението, но и да бидете пообјективни во врска со проблемите што ве измачуваат.
Изедете парче кашкавал (или сирење)
Кашкавалот и сирењето содржат неколку состојки кои можат да го подобрат расположението.
Во млечните продукти, особено кашкавалот и сирењето, има состојка познаа како тирозин која е важна во лачењето допамин.
Исто така, овие продукти содржат и триптофан – состојка која е потребна за синтеза на серотонин.
Сличен ефект има и темното чоколадо со 85% какао бидејќи содржи триптофан.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





