8 (природни) катастрофи што засекогаш го променија светот

Хаваријата во Чернобил

Во 1986 година, во нуклеарната електрана во украинскиот град Чернобил се случи експлозија со која се ослободи опасна доза радијација.

Над 200.000 луѓе беа евакуирани, додека дури 13 европски земји беа предупредени за можен радиоактивен облак.

Од радијација загинаа околу 60 луѓе – некои кратко по инцидентот, а некои доживеаја болна смрт и неколку месеци подоцна.

Катастрофата ја зголеми свесноста за потенцијалните ризици од нуклеарната енергија и фактот дека неретко не се почитуваат безбедносните протоколи, дури и кога можат да значат живот.

8-prirodni-katastrofi-shto-zasekogash-go-promenija-svetot-06.JPG

Бомбардирањето на кулите „Близначки“

Еден од најпознатите терористички напади во светот е бомбардирањето на кулите „Близначки“ во Њујорк во 2001 година.

Во нападот загинаа скоро 3.000 луѓе, по што почнаа да се воведуваат низа правила за зголемување на безбедноста од терористи.

Ова резултираше со и многу построги проверки на аеродромите.

По терористичкиот напад, најпрво американските, а потоа и европските и другите аеродроми почнаа темелно да го прегледуваат багажот на сите патници.

Нападот го означи и почетокот на Авганистанската војна која траеше од 2001 до 2021 година.

8-prirodni-katastrofi-shto-zasekogash-go-promenija-svetot-07.JPG

Цунамито во Индискиот Океан

Во 2004 година, во Индискиот Океан имаше подводен земјотрес со магнитуда од 9,3 степени по Рихтер.

Земјотресот, кој важи за третиот најсилен кој е забележан досега, предизвика низа други земјотреси дури до Алјаска.

Уште пострашно, земјотресот предизвика цунами бранови со висина до 30 метри кои ги погодија бреговите на 14 држави.

Катастрофата одзеде над 220.000 животи и создаде една од поголемите хуманитарни кризи во светот.

Поради катастрофата, на виделина излезе солидарноста на луѓето и од донации беа собрани над 14 милијарди долари за помош на настраданите.

8-prirodni-katastrofi-shto-zasekogash-go-promenija-svetot-08.JPG

Земјотресот на Хаити

Цунамито во Индискиот Океан е втора најсмртоносна природна катастрофа – на врвот стои земјотресот на Хаити кој одзеде дури 316.000 животи.

Земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтер предизвика и огромна материјална штета, а големиот број на жртви се должи на непочитувањето на стандардите за градење – нешто слично како во Турција во 2023 година.

И оваа катастрофа ја покажа солидарноста на луѓето ширум светот и Хаити доби здравствена, финансиска и секаков вид помош од земјите од целиот свет.

8-prirodni-katastrofi-shto-zasekogash-go-promenija-svetot-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg