8 (природни) катастрофи што засекогаш го променија светот
Некои историчари сметаат дека високата стапка на смртност од црната чума донекаде е одговорна за ренесансата во Европа, додека земјотресот на Хаити од 2010-та ја покажа опасноста од непрописно изградените згради и куќи.
Човештвото се соочило со бројни трагедии – од војни кои сме ги предизвикале самите, до природни катастрофи пред кои сме биле немоќни.
А, некои од овие трагедии биле од толкав размер, што засекогаш го промениле светот.
Дел од нив во продолжение:
Црната чума
Како црна чума (или црна смрт) е позната пандемијата од бубонска чума која пустошела во Европа од 1346 до 1353 година.
Во минатото, пандемиите, особено со чума, не биле невообичаени во Европа, но црната чума до денес важи за една од најсмртоносните.
Загинале околу 50 милиони луѓе, односно 50% од тогашното население на Европа.
Иронично, високата стапка на смртност од чумата, заедно со други фактори, била една од причините за ренесансата во Европа, барем според некои историчари.
По многуте мртви, на располагање останале огромни површини земјиште погодно за обработување, за помалку луѓе имало повеќе ресурси и генерално се подобрил животниот стандард.
Со подобар животен стандард, луѓето веќе имале слобода повеќе да се фокусираат на уметност, истражување и научна работа, со што започнал периодот познат како ренесанса.
Експлозијата во Бреша
Во 1769 година, во италијанскиот град Бреша удрил гром во склад за барут.
Експлозијата што настанала била толку силна, што уништила голем дел од градот и била причина за дури 3.000 смртни случаи.
По овој инцидент се замениле законите за складирање барут, а истовремено, почнале да се користат и првите громобрани.
Пандемијата со сипаници
Иако се претпоставува дека вирусите што предизвикуваат сипаница постоеле и порано, во 18-ти век болеста предизвикала пустош низ Европа.
Загинале милиони луѓе, а бидејќи тој период Европејците пристигнале во Америка, заразиле и дел од домородното население.
Поради оваа пандемија, била направена првата вакцина во светот – изум кој досега има спасено можеби најмногу животи од сите медицински откритија.
Бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки
Секоја војна, вклучувајќи ги двете светки, создала пустош и го променила текот на човечката историја.
Но, од сите воени конфликти, најмногу се истакнува бомбардирањето на јапонските градови Хирошима и Нагасаки од страна на САД.
Атомските бомби за секунда убиле над 330.000 луѓе, додека стотици илјадни умреле неколку месеци подоцна, од повредите, но и радијацијата која предизвикува болна смрт.
Бомбардирањето го означи крајот на војната, но до денес останува како едно најголемите злосторства направени врз човештвото.
И, луѓето се надеваат дека е лекција за тоа зошто никогаш повеќе не треба да се употреби нуклеарно оружје.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





