Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 придобивки од читањето (кои се доказ дека треба да се фатите за книга веднаш)

Читањето е помоќно од гледање филм. Додека сме потонати во приказната, нашите проблеми и грижи се ставаат во втор план.

6-pridobivki-od-chitanjeto-koi-se-dokaz-deka-vreme-e-da-se-fatite-za-kniga-vednash-01.jpg

Дали сте вљубеници во читањето и често ја посетувате вашата локална библиотека или книжарница?

Велат дека покрај благосостојба на духот, читањето може да помогне и при проблеми со менталното здравје, како што се депресија, анксиозност и тага.

Неколку придобивки од читањето:

Намалување на стресот

Кога читаме, ние се внесуваме во светот на писателот и создаваме сопствена визуелна претстава за неговите зборови.

Ова често може да биде помоќно од гледање филм.

Додека сме целосно потонати во приказната, нашите сопствени проблеми и грижи се ставаат во втор план. Така, читањето станува здраво бегство.

Учење од туѓи искуства

Читањето ни помага да учиме од искуствата на другите луѓе, што може да ни помогне да се снајдеме во некои ситуации во животот.

Со читањето сфаќате дека не сте сами во некое негативно искуство.

Плус, читањето ја зголемува самодовербата, бидејќи колку повеќе знаење имаме, толку повеќе се зголемува сигурноста во себе.

6-pridobivki-od-chitanjeto-koi-se-dokaz-deka-vreme-e-da-se-fatite-za-kniga-vednash-02.jpg

Стимулирање на мозокот

Читањето го стимулира мозокот, зголемувајќи го протокот на крв и внесот на кислород.

Редовното читање може да помогне во превенција на губење на меморијата, деменција и Алцхајмерова болест.

Поттикнување на креативноста

Читањето е одличен извор на идеи. Доколку сте писател, новите идеи можат да ви помогнат во пишувањето или во која било друга креативна активност.

Читањето ви дава перспектива и идеи за тоа како да ја раскажете сопствената приказна.

6-pridobivki-od-chitanjeto-koi-se-dokaz-deka-vreme-e-da-se-fatite-za-kniga-vednash-03.jpg

Збогатување на речникот

Постојат многу начини да се каже истата работа, а колку повеќе зборови знаете, толку подобро ќе можете да се изразите.

Намалување на чувството на осаменост

За оние што живеат сами, особено постарите лица, читањето создава чувство на поврзаност.

Иако е индивидуална активност, читањето ги вовлекува читателите во животот на некој друг. И може да биде како да имате друштво, што е особено важно за постарите и децата.

Треба деновиве да одвоите време за книга, зарем не?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg