10 природни феномени и формации што изгледаат надреално
Поларни стратосферски облаци, Норвешка
Фотката во продолжение е направена во Норвешка, а на неа се гледаат таканаречени поларни стратосферски облаци на кои се забележуваат дел од боите на виножитото.
„Боцки“ од мраз и снег во Аргентина
Оваа уникатна формација се наоѓа на Андите во Аргентина, а се создава под влијание на ветар.
Може да се забележи и на други високи места, со ниски температури и силни ветришта.
Огнен водопад, САД
Таканаречениот огнено водопад се наоѓа во парк во САД.
Зад една од карпите на дното на водопадот има извор на природен гас, кој постојано гори и покрај влагата од водата.
Монохроматско виножито
Монохроматското виножито е поретка варијанта на обичното виножито и главно има црвена боја.
Настанува кога Сонцето е близу хоризонтот, односно во периодот кога изгрева или заоѓа.
Топчести молњи
Овие молњи се толку ретки, што со години ни експертите не верувале дека постојат.
Не е познато како настануваат, но според оние што ги виделе изгледаат како што кажува и името – молња во форма на топка која може да се движи.
Бидејќи траат кратко, практично е невозможно да се проучуваат, иако научници имаат создадено нешто слично во лабораторија.
Фотографијата во продолжение е направена во Холандија 2011 година и на неа најверојатно се гледа топчеста молња или барем некој сличен феномен.
Спирова С. | Црнобело