10 природни феномени и формации што изгледаат надреално
Застрашувачко торнадо од оган, кратер со природен гас кој гори од 1971-ва, топчеста молња...
Сите сме слушнале за поларната светлина, а многумина ја виделе и во живо.
Иако важи за еден од најубавите природни феномени, постојат и други појави кои се исти, па и пофасцинантни.
Десет природни феномени кои изгледаат надреално:
Торнадо од оган
Овие торнада се индуцирани од оган, околу кој ротира жежок воздух, а можат да достигнат температура до 1.090 степени Целзиусови.
Се формираат кога во поголем пожар настанува струење на воздухот и се создава вител.
Обично се со висина од 10 до 50 мети и траат само неколку минути.
Формацијата Giant’s Causdeway во Ирска
Овој геолошки феномен го сочинуваат околу 40.000 мали столбови од базалт.
Формиран е пред околу 60 милиони години, поради вулканска активност.
Вулкански молњи
Вулканските молњи се електрично празнење активирано од вулканска ерупција, а не од бура.
Настануваат кога честичките пепел се судираат едни со други, поради што се генерира електрицитет.
Кратер со вечен оган во Туркменистан
Кратерот е полн со природен гас, а непрестајно гори од 1971 година, кога случајно бил запален поради инцидент при ископување гас.
Нарекуван е и „Порта од пеколот“.
Шума со криви дрвја во Полска
Шумата позната како Krzywy Las е лоцирана во Полска, а е препознатлива поради искривените дрвја.
Дрвјата се посадени во 1930-тите, а засега нема конкретен одговор за нивната форма.
Сепак, некои веруваат дека не станува збор за природен феномен, туку човечки фактор.