Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале

Елвис Присли

И најпознатиот музичар на сите времиња умрел заглавен во долгови.

На денот на смртта, Елвис имал околу 5 милиони во банка, но и долгови кои изнесувале над 10 милиони.

bogati-i-slavni-lichnosti-koi-bile-bez-skrshen-denar-koga-pochinale-08.JPG

По неговата смрт, бившата сопруга Присила морала да најде начин да го исплати долгот.

Користејќи ја неговата популарност, таа ја средила куќата на Елвис, ја претворила во туристичка атракција и драстично ѝ ја зголемила вредноста, со тоа успевајќи да го плати долгот.

bogati-i-slavni-lichnosti-koi-bile-bez-skrshen-denar-koga-pochinale-09.JPG

Витни Хјустон

До денес, Витни Хјустон важи за една од најпознатите пејачки на сите времиња.

Успешната кариера ѝ донесе богатство од над 100 милиони, но Витни сакала да троши, а и зависноста од дрога не била од помош.

bogati-i-slavni-lichnosti-koi-bile-bez-skrshen-denar-koga-pochinale-10.JPG

На денот на смртта во 2012-та, Витни не само што била без пари, туку должела и 20 милиони на нејзината издавачка куќа.

Иронично, продажбата на нејзините албуми се дуплира по нејзината смрт, со што издавачката куќа успеа да си го наплати долгот.

bogati-i-slavni-lichnosti-koi-bile-bez-skrshen-denar-koga-pochinale-11.JPG

Оскар Шиндлер

Приказната на Оскар Шиндлер е малку поразлична од останатите на листата – тој останал без пари поради неговата хуманост.

Оскар Шиндлер бил успешен и богат бизнисмен кој бил дел од нацистичката партија.

Користејќи ги своите пари и свето влијание, тој спасил над 1.000 евреи за време на холокаустот.

bogati-i-slavni-lichnosti-koi-bile-bez-skrshen-denar-koga-pochinale-12.JPG

До крајот на Втората светска војна, веќе имал потрошено значителен дел од богатството.

Починал во 1974-та во Германија, без пари.

За подвигот на Оскар Шиндлер е снимен и филм – Schidnler’s List – во режија на Стивен Спилберг.

bogati-i-slavni-lichnosti-koi-bile-bez-skrshen-denar-koga-pochinale-13.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg