Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот
Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со многу летувалци не само од кај нас, туку и од регионот, а денес е страшна искршена зграда без прозорци, покрај која ќе ве фати страв дури и да поминете.
Во целиот свет постојат места кои некогаш биле прекрасни, но денес се напуштени, обраснати со трева, скриени, руинирани...
Она што во минатото било место што луѓето сакале да го посетат бидејќи е фасцинантно, денес го избегнуваат поради нивната морничавост, а го посетуваат само најхрабрите.
Кои се 9-те најморничави места во светот?
Гереја Ајам, Индонезија
Оваа градба, позната под името Кокошкина црква, се наоѓа во џунгла во Индонезија.
Таа служела како рехабилитациски и богослужбен центар на сите религии.
Проектот никогаш не е завршен, па денес не се користи и градбата стои напуштена.
Затвор Руму, Естонија
Затворот го изградил Советскиот Сојуз и го полнел со затвореници во текот на Втората светска војна, а тие биле принудивани да работат во блискиот каменолом.
Кога во 1991 година Естонија се стекнала со независност, затворот станал напуштен, а по некое време голем дел од него бил потопен со вода.
Ова место денес најмногу го посетуваат нуркачи кои сакаат да ги истражат потопените згради и рударската опрема која е под вода.
Хотел „Европа“, Отешево
Голем дел од хотелот „Европа“ во Отешево изгоре во 2005 година.
Тоа што остана недопрено од огнот, подоцна беше ограбено, па денес ова здание стои празно и напуштено.
Во 2006 година хотелот го купила португалска компанија, но по скоро 10 години го продала на инвеститор од Обединетите Арапски Емирати, но зданието е и понатаму руинирано и важи за едно од најморничавите места кај нас.
Фото: Инстаграм
Хотоуван, Кина
Некогашното рибарско село се наоѓа југоисточно од Шангај, а стои напуштено веќе неколку децении.
Сепак, изгледа интересно, бидејќи повеќето градби се прекриени со бршлен и бујна вегетација.