Необични февруарски празници
Нова Година, Бадник, Божиќ, Василица, Свети Јован, Прочка... И почнува да ве фаќа паника дека нема веќе што да се празнува. Откако ќе се изретчат...
...стандардниве, слободно повод за веселба може да се бара во понеобичните празници.
Месецов е полн со такви, вклучувајќи ги Заблагодари му се на поштарот на 4 февруари, Денот на чадорите на 10 февруари и Денот на скромноста на 22-ри.
Вчера, 26 февруари, беше Ден на ф`стакот. Во таа чест потсетете се дека ф`стаците се одлична ужинка што го намалува холестеролот и штити од рак. Следниот пат кога ќе правите салата додадете неколку сецкани ф`стаци и создадете си нова здрава навика.
Денес е Ден на поларните мечки. За да им помогнете на прекрасните бели мечиња едноставно потрудете се да живеете во склад со природата - рециклирајте, пешачете, изберете велосипед и автобус наместо автомобил, штедете вода и електрична енергија, не носете крзно...
Утре, пак, е Ден на спиење на јавни места! Бидејќи се работи за 28 февруари и плажата не е опција, ви остануваат долгите возење со автобус, здодевните состаноци на работа (или последна клупа во школо) или алкохол во количина доволна за да ве успие на какво било јавно место :)
Ако не ви се допаѓаат овие, смислете нов празник и ќе се обидеме да го популаризираме :)