5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации

„Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност и кога безбедноста ни е загрозена, а нив најпрво ги чувствуваме во стомакот“ – вели психологот Марни Фојерман. Кои знаци во врската може да укажат дека вашиот партнер е патолошки лажго?

5-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-patoloshki-lazhgo-niz-ilustracii-01.jpg

Минисеријата на тиктокерката Reesa Teesa за брзо време стана вистински хит на социјалните мрежи, а речиси сите со нетрпение ги следеа нејзините видеа во кои раскажуваше како се омажила за човек кој е патолошки лажго.

По нејзината сторија, дел од светските медиуми направија истражување за тоа што значи кога некој е патолошки лажго и кои се знаците што укажуваат дека си имате работа со таква личност.

Така психотерапевтот Марни Фојерман за HuffPost изјави:

„Патолошките лажговци се користат со лаги за да го добијат тоа што го сакаат на начин во којшто се целосно обземени со себе, манипулираат и се користат со итрина“.

Според неа, треба да се прави разлика меѓу патолошките и „компулсивните“ или „лажговците кои лажат од навика“, затоа што последните две групи не се толку софистицирани во лагите што ви ги кажуваат.

Психолози ги откриваат знаците за тоа дека некоја личност е патолошки лажго, што треба да ги земете предвид кога избирате партнер:

Внимавајте ако работите ви изгледаат премногу добри за да бидат вистинити

„Знаците дека имате работа со лажго може воопшто и да не ги забележувате на почетокот, затоа што личноста знае да осмислува добри, возбудливи работи со цел да ве вовлече во нивната орбита.

Ќе имате чувство дека ве бомбардира со љубов.

Постои дел од вас што посакува сето тоа да биде точно и долго време ќе бидете возбудени. Потоа, полека ќе почнете да ги забележувате малите недоследности што ќе ве натераат да се замислите“ – вели психологот Дебра Кемпбел.

5-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-patoloshki-lazhgo-niz-ilustracii-10.jpg

Не можете да докажете дека фактите за нивниот живот што ви ги кажале се вистинити

Патолошките лажговци често избегнуваат лични прашања, или пак ви даваат општи детали, што во никој случај не можете да ги докажете.

„Може да се случи да ви кажат дека долго време не разговараат со никого во семејството. Во нивните приказни често се случува да ги менуваат деталите, ако почнете да ги потпрашувате, а наративот не им е постојан“ – вели психологот Кетрин Смерлинг.

d92b6301-4f18-4452-afce-4d8836bdf455.jpg

Почнуваат да се бранат кога ќе им посочите дека сте ги фатиле во лага

„Често знаат да ги извртат работите и да почнат вас да ве обвинуваат затоа што ги распрашувате, при што вие станувате виновни затоа што се сомневате и ги обвинувате.

Оваа манипулативна практика е со цел да продолжат да ве залажуваат, и да почнете да се сомневате во сопствените сфаќања и заклучоци.

Патолошкото лажење често е опфатено во врските каде што има насилство или злоупотреба“ – вели брачниот и семеен терапевт Шери Мејерс.

DALLE_2024-03-13_13.59.58_-_Create_an_illustration_of_an_emotional_scene_in_an_outdoor_setting._There_is_a_woman_in_the_foreground_with_long_dark_hair_wearing_a_black_sweater_a.jpg

Не обрнуваат внимание за вашите чувства

Освен што се бранат, честопати знаат и да ги отфрлат вашите чувства и емоции како невалидни. Тие воопшто нема да се грижат како се чувствувате откако сте ги уловиле во лага.

„Откако ќе сфатите дека вашиот партнер постојано ве лаже, сосема е нормално да чувствувате болка, да бидете под стрес и да сте несигурни“ – вели Марни Фојерман.

DALLE_2024-03-13_13.58.33_-_Create_an_illustration_inspired_by_a_dramatic_scene_with_two_individuals._One_character_is_a_woman_with_short_stylish_blonde_hair_wearing_a_black_tan.jpg

Верувајте му на сопствениот инстинкт

„Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност и кога безбедноста ни е загрозена, а нив најпрво ги чувствуваме во стомакот.

Ако забележите дека ненадејно имате проблеми со стомакот, тоа може да биде знак дека немате доверба во партнерот.

Нашите центри за емпатија не работат кога некој постојано нè лаже и тоа се манифестира како гадење, проблеми со варењето и други непријатни чувства во стомакот, а тоа ви укажува дека треба да бидете внимателни“ – вели Фојерман.

DALLE_2024-03-13_14.03.48_-_Create_an_illustration_depicting_a_tense_moment_between_a_man_and_a_woman_sitting_apart_looking_away_from_each_other._The_woman_is_sitting_in_the_for.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето? Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве по...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg