Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето?
Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве потсетуваат на овој волшебен период од животот. Но, знаете ли какви фотки сакате да направите? Можеби во следниве примери ќе најдете идеја што ви се допаѓа...
Со нетрпение го очекувате раѓањето на вашето малечко, му се радувате на моментот кога првпат ќе го земете во своите раце, па на приказните што ќе му ги раскажувате кога ќе потпорасне, за тоа како мама и тато (и постарото братче или сестра) го сакале уште додека било во стомакот.
За да му покажете колку сте биле среќни додека сте го очекувале, но и засекогаш да имате за себе убав спомен, можеби размислувате да направите трудничка фотосесија.
Но, знаете ли што сакате? Ако немате идеја, можеби ќе ви се допадне некој од следниве предлози:
Во природа
Направете фотографии во природа без оглед на сезоната - во парк наесен или во зима, на ливада со цвеќиња напролет или во лето.
Во едната рака можете да држите букет со цвеќе, а со другата стомакот.
На плажа
Ако сте на летување или живеете покрај плажа, одлична идеја за трудничка фотосесија е покрај плажа.
Во овој случај е најубаво да носите долг летен фустан кој ќе паѓа лесно околу вашето тело, па дури и ќе се намокри во водата.
Силуета на зајдисонце
Овие фотографии се едноставни и шармантни, само тој што ќе ве фотографира треба да го најде вистинскиот агол за да дојде до израз вашата силуета.
Со многу долг фустан
Оваа фотосесија можете да ја направите во природа или во фото студио.
Идејата е да носите многу долг фустан или да бидете прекриени со чаршаф, па „опашките“ да лебдат во воздухот.
Фотографии со првата „фотка“ од бебето
Позирајте покрај фотографијата од првиот ултразвук на бебето, а покрај вас можете да ставите и некоја играчка или парчиња облека за детето (ако сте купиле).
Уметност преку стомакот
На стомакот со боја или шминки можете да нацртате панделка (или нешто друго) и на тој начин да создадете интересна фотографија.