„Кога се запознавме ми вети дека ќе ми купи BMW“ – Зошто цел свет ја следи „мини серијата“ на тиктокерката Reesa Teesa?

Кога го запознала ѝ рекол дека е потпретседател на компанија и дека ќе ѝ купи автомобил BMW, но дури откако стапила во брак сфатила дека тој е патолошки лажго – Зошто целиот свет е навлечен на „мини сериите“ на тиктокерката Reesa Teesa?

koga-se-zapoznavme-mi-veti-deka-kje-mi-kupi-bmw-zoshto-cel-svet-ja-sledi-mini-serijata-na-tiktokerkata-reesa-teesa-01.jpg

Велат дека животот пишува романи, а оваа инфлуенсерка на ТикТок стана вистинска конкуренција на Нетфликс во изминатите денови, откако во видеа почна да ја раскажува нејзината приказна како во една година се вљубила, започнала врска и се омажила за нејзиниот сопруг кој според неа бил патолошки лажго.

Жената која на ТикТок се претставува како Reesa Teesa објави над 50 епизоди од нејзината „мини серија“, насловена Who TF did I marry, а секое видео има милионски прегледи.

@reesamteesa

Who TF Did I Marry- Introduction #reesateesa #fyp #series

♬ original sound - ReesaTeesa

Нејзините видеа се следат како своевиден поткаст, а жените од цел свет ги слушаат додека се одмараат или додека се на работното место.

Жената се труди максимално да ја сочува приватноста на својот поранешен сопруг, но раскажува приказна која на некои моменти делува како да е напишана од најдобрите сценаристи во светот.

Се знае дека таа живее во Атланта, САД, и дека работи во полиција.

Со оглед на тоа дека станува збор за 52 видеа од по 10-тина минути, на социјалните мрежи се споделуваа и прераскажани верзии од нејзините видеа, а накратко тоа што таа го претрпела може да се собере во неколку реченици.

koga-se-zapoznavme-mi-veti-deka-kje-mi-kupi-bmw-zoshto-cel-svet-ja-sledi-mini-serijata-na-tiktokerkata-reesa-teesa-02_copy.jpg

Таа вели дека го запознала поранешниот сопруг на почетокот на 2020-та година онлајн, за време на ковид пандемијата, и тој ѝ рекол дека се преселил во Атланта заради работата.

На почетокот тој тврдел дека работи како потпретседател во позната прехранбена компанија, дека е богат и ќе ѝ купи BMW.

Откако стапиле во брак, Теса вели дека почнала да сфаќа дека тој ја лажел за многу работи.

Прво ја излажал за работата. Тој не бил потпретседател туку возел виљушкар, а кога бил дома, измислувал телефонски разговори во кои наводно ги карал вработените во компанијата каде што лажел дека работи.

koga-se-zapoznavme-mi-veti-deka-kje-mi-kupi-bmw-zoshto-cel-svet-ja-sledi-mini-serijata-na-tiktokerkata-reesa-teesa-03_copy.jpg

Таа вели дека тој се преправал како со часови разговара со брат му и пријателите, за на крај да дознае дека тој не разговара со брат му од 2015-та година и дека воопшто нема блиски пријатели.

Кон средината на 2021-ва година таа одлучила да го напушти сопругот, а сега надолго и на широко ги раскажува сите мигови од бракот со него.

Сите видеа со приказната на жената можете да ги погледнете на нејзиниот ТикТок профил.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg