Дрво високо 115 метри, мост долг 160 километри - Кои се најголемите работи во светот?

Највисокото дрво има дури 115 метри, додека најголемата природна пештера има длабочина од околу 150 метри.

najgolemiot-cvet-najdolgiot-most-kako-izgledaat-najgolemite-raboti-vo-svetot-01.jpg

Сте се запрашале ли колку време ќе ви треба за да поминете низ најдолгиот тунел со автомобил или, пак, колкава била најголемата птица што живеела на Земјата?

Дел од најголемите работи во светот:

Најголемото и највисокото дрво во светот

Највисокото дрво во светот е од видот џиновска секвоја (лат. Sequoiadendron giganteum) и се наоѓа во Северна Калифорнија.

Дрвото е високо дури 115 метри.

Овие дрвја се огромни, па и дрвото со најголемото стебло е од истиот вид.

Неговото стебло зафаќа површина од 1.483 метри кубни, а обемот на основата на стеблото е дури 31 метар.

И ова дрво се наоѓа во Калифорнија.

najgolemiot-cvet-najdolgiot-most-kako-izgledaat-najgolemite-raboti-vo-svetot-02.JPG

Најголемата природна пештера

Ханг Сон Дунг во Виетнам се смета за најголемата пештера во светот.

Се наоѓа во близина на границата со Лаос, а се верува дека се формирала пред две до пет милиони години.

Пештерата е долга околу девет километри, додека нејзината најдлабока точка се наоѓа на околу 150 метри под земја.

najgolemiot-cvet-najdolgiot-most-kako-izgledaat-najgolemite-raboti-vo-svetot-03.JPG

Најголемата птица во светот

Денес, најголемата птица во светот е нојот.

Но, пред околу шест милиони години, постоела птица, позната како argentavis, која била многу, многу поголема од ној.

Според досегашните наоди, птицата била висока помеѓу 1,5 и 1,8 метри, додека нејзината должина од врвот на клунот до врвот на опашката била околу 3,5 метри.

Распонот на крилјата, пак, бил помеѓу 5 и 6,5 метри.

Ова е најголемата птица која можела да лета за којашто знаеме.

najgolemiot-cvet-najdolgiot-most-kako-izgledaat-najgolemite-raboti-vo-svetot-04.JPG

Најголемиот цвет

Најголемиот цвет во светот е од видот Rafflesia arnoldii, нарекуван и „цвет труп“ поради својот непријатен мирис.

Интересно е што цветот е всушност паразит, односно се прикачува на други растенија и ги „краде“ нивните хранливи материи.

Дијаметарот на цветот достигнува околу еден метар, може да тежи и 11 килограми, а вирее во дождовните шуми на Малезија и Индонезија.

najgolemiot-cvet-najdolgiot-most-kako-izgledaat-najgolemite-raboti-vo-svetot-05.JPG

Највисокиот водопад

Ангелскиот Водопад во Венецуела е највисокиот водопад на површината на Земјата и има висина од околу 800 метри.

Но, ако се земат предвид подводните водопади, тогаш највисокиот се наоѓа под такнаречениот Дански Проток кој ги дели Гренланд и Исланд.

Во оваа област, студената вода од Норвешкото Море се сретнува со потоплата вода на Ирмингеровото Море.

И, поради разликите во температурата, се создава вид водопад, односно место каде што постудената вода „паѓа“ на океанското дно.

Водата паѓа од височина од околу 3 километри.

najgolemiot-cvet-najdolgiot-most-kako-izgledaat-najgolemite-raboti-vo-svetot-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Била опседната со секс, спиела со 300 мажи - Детали за бурниот љубовен живот на Катерина Велика Обожавала еротски масажи, а сопругот ѝ бил еден вид макро. Ретко кој можел да ги...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg