Дрво високо 115 метри, мост долг 160 километри - Кои се најголемите работи во светот?
Најголемото животно
Синиот кит е најголемиот жив организам не само денес, туку во целата историја на Земјата.
Односно, засега не се пронајдени остатоци од некое поголемо животно.
Овие китови достигнуваат должина до 30 метри, а тежина до 200 тони.
Најголемата статуа во светот
Највисоката статуа во светот е позната како Статуа на единството и се наоѓа во Индија.
Висока е 182 метри и го прикажува ликот на индиски политичар кој имал голема улога во стекнувањето на независноста на земјата.
Најголемиот дом во светот
Најголемата куќа во светот е всушност облакодер и е во сопственост на индискиот милијардер Мукеш Амбани.
Куќата на Мукеш се наоѓа во Мумбај и денес се проценува на околу 4 милијарди долари.
Висока е 173 метри и има 27 ката, а зафаќа површина од над 6.000 метри квадратни.
Внатре има киносала, базен, клиника, храм, градина, теретана, спа-центар... а милијардерот живее во неа со семејството.
Најдолгиот мост во светот
Danyang-Kunshan во Кина се смета за најдолгиот мост во светот.
Долг е околу 160 километри и ги поврзува градовите Шангај и Нанкинг.
Поголемиот дел од мостот е врз копно, а околу девет километри се врз вода.
Најдолгиот тунел
Најдолгиот тунел во светот е познат како Laerdal и се наоѓа во западниот дел на Норвешка.
Долг е околу 25 километри, а во просек, потребни се 20 минути за да се помине со автомобил.
Спирова С. | Црнобело