13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон)

Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пациенти и уште 11 други работи кои ги правите на доктор, а не треба, затоа што не се според бон-тон правилата.

13-raboti-koi-najverojatno-gi-pravite-na-doktor-a-ne-se-spored-bon-ton-01.jpg

Дали се однесувате по бон-тон кога одите на лекарски прегледи или пак сами сте свој доктор, па вашиот матичен го притискате да ви препише антибиотици по секоја цена, дури и кога тој смета дека не треба?

Што правите погрешно кога одите на лекарски преглед?

Работи кои ако ги правите погрешно на доктор:

Не се јавувате да известите дека ќе задоцните на закажаниот термин или дека воопшто нема да се појавите.

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-13.jpg

Правите хаос на пултот за пријава, наместо да си го чекате редот. Можеби пациентот кој е пред вас зборува за здравствени проблеми за кои не сака да чујат другите – зошто му се пикате?

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-05.jpg

Зборувате на телефон во чекалницата и иако мислите дека тивко зборувате, вие ги вознемирувате сите други кои чекаат.

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-03.jpg

Прашувате за здравјето на други пациенти. Не смеете да го правите ова без разлика колку сте во искушение.

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-08.jpg

Ја потценувате медицинската сестра, а почит покажувате само кон вашиот доктор.

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-06.jpg

Му го губите времето на медицинскиот персонал со работи кои не се поврзани со вашите здравствени грижи.

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-14.jpg

Не ги следите мерките за претпазливост, како предупредувањето дека треба да носите заштитна маска кога влегувате во ординацијата.

13-bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-koga-odite-na-doktor-09.jpg

Уште 6 работи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност Ги оставате корпите на каса во маркет, коментирате за нечиј изглед, нагласувате ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg