Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации

Кажете: „Знам“ или „Добро“

Понекогаш луѓето ви даваат навредливи комплименти затоа што и самите се соочуваат со проблеми и не знаат како да се носат со сопствените чувства.

Во такви случаи, најдобро е само да одговорите потврдно, со што ќе им дадете до знаење дека сте ја слушнале забелешката и да си продолжите понатаму, без да влегувате во конфликт.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-08.jpg

Укажете им дека сте навредливи

Иако најчесто од мали нозе нè учат да бидеме љубезни и да избегнуваме расправии по секоја цена, понекогаш е неопходно да им укажеме на луѓето дека се некултурни и дека нема да им дозволите да влијаат врз вашето расположение.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-09.jpg

Преправајте се дека не сте обрнале внимание и не сте ги слушнале

Кажете дека не сте ги слушнале и замолете ги да го повторат тоа што го рекле.

Ако звучите незаинтересирано, голема е шансата, некултурните соговорници да се повлечат и да ви речат дека не е важно.

Исто така, на тој начин ќе му дадете можност на соговорникот да размисли што ви рекол и ќе направите тој да се чувствува непријатно заради некултурната забелешка.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-10.jpg

Прифатете го тоа што ви го зборуваат како вистина

Кога некој се обидува да ве натера да се чувствувате непријатно заради сопствените чувства, давајќи ви генерички коментари од типот: „премногу си чувствителна“, „постојано драматизираш“ или „ти си таква личност“, најдобро е да го прифатите нивниот коментар и да не се обидувате да се објаснувате.

На тој начин ќе им дадете до знаење дека воопшто немате проблем со сопствените чувства и дека вие сте емоционално интелигентна личност што не паѓа на провокации.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-11.jpg

Сменете ја темата

Наместо да влегувате во конфликти за некултурниот коментар, добро би било само да ја смените темата.

Имајте предвид дека луѓето некогаш не се свесни дека нивната забелешка ве повредува и дека не ви е сеедно.

На овој начин ќе им дадете до знаење дека не сте расположени да разговарате на таа тема и дека нема потреба да бидат некултурни.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-12.jpg

Бидете саркастични

Дури и кога ќе дадете саркастичен одговор или забелешка, вие јасно покажувате дека немате намера да се опседнувате со негативните забелешки.

На тој начин ќе покажете дека не сте „лесен плен“ и дека не дозволувате да бидете жртва на нивните навредливи забелешки.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-13.jpg

Свртете го вниманието на позитивниот аспект

Понекогаш луѓето сакаат да ви ги дадат навредливите коментари, така што прво ќе ви кажат нешто убаво.

Во овој случај, само игнорирајте го навредливиот дел од забелешката и фокусирајте се само на комплиментот.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-14.jpg

Кажете: „Благодарам“

Можеби ви звучи непродуктивно на навредливите коментари да одговорите со благодарност, но понекогаш тоа е единствен начин да се справите со некултурните луѓе и да ставите крај на некој разговор што ви оди на нерви.

На овој начин, ќе им кажете дека ви се допаѓа нивната искреност, но дека не дозволувате да ве допрат нивните навреди.

kako-kulturno-da-se-spravite-so-nekulturnite-lugje-niz-ilustracii-15.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 работи што не треба да ѝ ги кажете на личноста што има анксиозност (и како да ја утешите) „Ајде собери се“, „Ќе се снајдеш“... Ова се некои од фразите што треба да ги исф...
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg