Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева

Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дека пиеле шампањ и се бакнувале некаде во Милано.

kolku-e-chovek-posilen-tolku-e-poskromen-tie-shto-se-prazni-odnatre-sozdavaat-vreva-01.jpg

Им се восхитувам на луѓето кои го живеат својот живот без потреба да го експонираат пред другите.

Ги ценам луѓето кои се во совршена физичка кондиција и редовно одат во теретана, но не објавуваат слики за тоа на социјалните мрежи.

Ги почитувам луѓето што се хранат правилно, но не ја наметнуваат таа тема на секој чекор.

Ги ценам луѓето кои не пушат, но истовремено не ги оптоваруваат другите со нивните совети.

Им се восхитувам на актерите, кои кога велат дека се интровертни, не ги полнат насловните страници со написи за тоа како ги поминуваат своите денови додека уживаат во ѕвездената слава и не кажуваат во кои продавници за дизајнерска облека одат.

Наместо тоа, тие го живеат својот живот чувајќи ја својата приватност.

kolku-e-chovek-posilen-tolku-e-poskromen-tie-shto-se-prazni-odnatre-sozdavaat-vreva-02.jpg

Им се восхитувам на чистите генијалци кои се срамежливи кога се во прашање нивните сопствени дела и креативност.

Ги ценам мајките кои вистински ги сакаат своите деца и не ги користат социјалните мрежи за да се промовираат со хаштагот #мајка.

Им се восхитувам на жените кои се свесни за својата убавина, но живеат во хармонија со неа, без да го користат своето тело како средство за привлекување внимание или како мамка за да добијат потврда од другите за својата вредност.

Им се восхитувам на жените кои имаат приватни профили на социјалните мрежи и се прекрасни, но немаат потреба да се докажуваат пред другите.

Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дека пиеле шампањ и се бакнувале некаде во Милано.

Ги почитувам луѓето кои прават нешто поради самиот чин на создавање и живеење, a не за да привлечат внимание и одобрување од околината. Секојдневно учам од овие луѓе.

Се трудам да не станам само уште еден од егоцентричните модерни луѓе кои се опседнати само со себе.

Колку некој е посилен како личност, толку е поскромен, без разлика на кој аспект од животот гледате. Само оние кои се празни внатре прават врева и бараат постојано внимание.

Извор

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg