Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации
Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека оваа кошула ти стои смешно“ или „За џабе се мачиш, мислам дека нема да успееш“? Погледнете низ илустрациите...
На сите понекогаш ни се случило да добиеме забелешки од луѓето што се невкусни и некултурни.
Навредливите шеги и коментари „завтикани“ како комплименти, може да направат да се чувствуваме непријатно, па да не знаеме што да одговориме, затоа што не сакаме да возвратиме во иста мера.
Сепак, постојат голем број начини како можете да се справите со злобните јазици, без да бидете навредливи или агресивни, а да го натерате соговорникот да се чувствува подеднакво непријатно како вас.
Погледнете низ илустрации како на културен начин да се справите со некултурните луѓе:
Неутрилизирајте го влијанието на некултурната забелешка што сте ја добиле
Кога ќе покажете емпатија кон оној што ви дал зајадлив и некултурен коментар, ќе покажете дека сте емотивно зрела личност.
Со тоа што ќе го свртите вниманието кон оној што ве навредува и нема да одговорите на неговата некултурна забелешка, вие само ќе го оставите без зборови.
На тој начин, избегнувате конфликти, а истовремено нагласувате, дека ви е јасно дека навредливиот коментар е производ на лошото расположение на соговорникот и неговите лични проблеми.
Суптилно нагласувате дека забелешката не му е на место, но избегнувате конфликти и расправии.
Наметнете го сопствениот став, без да влегувате во длабока дискусија
Обидете се да му одговорите на соговорникот така што ќе го тргнете разговорот од навредливата забелешка, кон неговата некреативност во изразувањето.
Покажете дека начинот на којшто сака да ве испровоцира веќе е сосема очигледен, предвидлив и дека нема ефект.
Додајте и доза на хумор, за да сфати дека ја промашил целта и не успеал да ве навреди.
На овој начин ќе успеете да ја наметнете сопствената самодоверба, без да дозволите ситуацијата да ескалира.
Свртете го вниманието кон соговорникот
Кога се соочувате со навредливи коментари поврзани со сопствениот изглед, обидете се да најдете одговор со којшто ќе покажете дека сте го слушнале коментарот, но дека воопшто не ви е грижа за него.
Свртете го вниманието кон она што го прави соговорникот, и на културен начин да му покажете до каде ви се границите и дека нема да го толерирате таквото однесување.
Прифатете ја забелешката
Многу често блиските сакајќи да бидат искрени не се ниту свесни дека нè навредиле. Обидете се на љубезен начин да им објасните дека нивните коментари и забелешки прават да не се чувствувате пријатно.
Следниот пат ќе бидат многу повнимателни за начинот на којшто ви ги кажуваат работите.
Појаснете им дека нивните забелешки не ви се од помош
Многу често се случува невкусните забелешки да бидат спакувани во форма на конструктивна критика.
Најдобар начин да им одговорите е да им кажете дека ги разбирате што ви кажале, но дека нивната забелешка не ви е од помош.
Кажете само: „Ти благодарам што си искрен/а“..
Добро е да сте искрени, но некои луѓе сметаат дека тоа што отворено велат дека „немаат филтер“ е совршен изговор за да кажат сè што мислат, без да водат сметка за чувствата на другите.
Ако им одговорите со фразата: „Ти благодарам што си искрен/а“, вие ќе им покажете дека сте емотивно многу позрели од нив и нема да им дозволите да ве вовлечат во конфликт.
На крајот на краиштата, искреноста значи дека треба да имате и почит и сочуство за соговорникот.