Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите
The Simple Life
Реалното шоу што изгледа засекогаш ќе ги прогонува Парис Хилтон и Никол Ричи.
Богатите наследнички пробуваа да живеат како „обични“, односно луѓе кои во нивните очи се и сиромашни.
Во раните 2000-ти, шоуто беше хит, но Парис и Никол до денес се критикувани дека немале допир со реалноста штом го направиле ова шоу.
Punk’d
Реалното шоу на Ештон Кучер беше налик на „скриена камера“, но со познати личности.
Односно, во секоја епизода, актерот им приредуваше шеги на познати личности и ја снимаше нивната реакција.
My Super Sweet 16
Веројатно и вие сте сонувале за роденденска прослава како оние што ги гледавме во My Super Sweet 16.
Учесници во шоуто беа деца со очигледно богати родители кои организира забава за својот 16-ти роденден.
А, сите го третираа роденденот како најважниот ден од нивниот живот.
Newlyweds: Nick and Jessica
Се сеќавате ли на периодот кога Џесика Симпсон беше во брак со Ник Лачи? А, дали се сеќавате на нивното реално шоу?
Шоуто го следеше секојдневието на штотуку венчаниот пар, но имаше лошо влијание врз репутацијата на Џесика Симпсон бидејќи таа беше претставена како глупава русокоса.
Date My Mom
Уште едно од почудните шоуа на MTV.
Еден учесник оди на романтичен состанок со мајките на тројца останати учесници.
Потоа, според тоа одлучува со чија ќерка или чиј син сака да оди на состанок.
Спирова С. | Црнобело