Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса

Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпувачко. Таквите личности се во вашиот живот само додека имаат корист, ја искористуваат вашата дарежливост и љубезност. Давањето втора шанса на таквите личности значи да се изложите на дополнително разочарување.

ovie-lichnosti-nikogash-ne-zasluzhuvaat-da-im-dadete-vtora-shansa-01.jpg

Сите луѓе прават грешки и тоа е сосема нормално. Но, постојат и такви личности кои секогаш ќе изневеруваат, без разлика колкупати ќе им дадете нова шанса.

Не дека лесно треба да се откажете од луѓето, но постојат неколку однесувања кои се јасни знаци дека со таквите личности треба да постапувате со голема претпазливост.

8 видови личности кои, за жал, не вредат за вашето време:

Постојани предавници

Ако некоја личност постојано ја изневерувала вашата доверба во минатото, тоа е јасен знак дека можеби не заслужува уште една шанса.

Не станува збор за држење лутина или непростување, но, од клучно значење е да ја заштитите вашата емоционална благосостојба и да не дозволите постојано да бидете повредувани од истата личност.

Тешко е, но понекогаш ослободувањето од ваквите личности е најдоброто нешто што би можеле да го направите за себе.

Емоционални манипулатори

Ваквите личности многу често може да се прават жртви и да прават да се чувствувате виновни, дури и кога не сте.

Тие може да ви ја исцрпат енергијата, па давањето втора шанса на овие луѓе често само води до поголемо повредување. Никој не заслужува да биде емотивна кукла во туѓи раце.

ovie-lichnosti-nikogash-ne-zasluzhuvaat-da-im-dadete-vtora-shansa-02.jpg

Личности од корист

Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпувачко. Таквите личности се во вашиот живот само додека имаат корист, ја искористуваат вашата дарежливост и љубезност.

Давањето втора шанса на таквите личности значи да се изложите на дополнително разочарување. Понекогаш тешко е да ги прекинете врските, но неопходно е за вашата благосостојба.

Личности кои постојано се уништуваат самите

Ова може да ви изгледа малку контраинтуитивно, зар не? Зошто да не му дадете шанса на некој што изгледа како свој најголем непријател?

Па, ваквите личности постојано го „саботираат“ сопствениот успех и среќа.

Тие можат да донесат лоши одлуки, да ги отфрлат оние што се грижат за нив или да одбијат да преземат одговорност за своите постапки.

Иако природно е да сака да им се помогне на овие поединци, важно е да се разбере дека промената треба да дојде одвнатре.

Наместо да бидете „фатени“ во нивниот циклус на самосаботажа, најдоброто нешто што можете да направите е да ги поттикнете да побараат стручна помош.

Ним им треба повеќе од втора шанса, им треба патоказ за да ги надминат своите тенденции за самоуништување.

ovie-lichnosti-nikogash-ne-zasluzhuvaat-da-im-dadete-vtora-shansa-03_copy.jpg

Вечни лажговци

Довербата е од клучно значење за секој вид врска, без разлика дали е романтична, пријателска, професионална…

И штом таа доверба ќе се скрши, тешко е да се обнови. Вечните лажговци ја уништуваат таа доверба, а вие се наоѓате себеси како преиспитувате сè што ви кажуваат. Нездраво и исцрпувачко е да се најдете во таква ситуација.

Секој прави грешки и кажува некои бели лаги, но хроничното лажење е сосема друга работа. Тоа е знак за длабоко вкоренети проблеми што треба да се решат.

Насилници

Злоупотребата, во каква била форма, е неприфатлива. Насилниците се вешти во манипулација и може да направат да се чувствувате виновни.

Можеби постојано ќе ви се извинуваат и ќе ви ветуваат дека ќе се променат, но, тоа ретко се случува. Запаметете дека вие не сте одговорни за нивните постапки и заслужувате почит и добрина, а не маки и страв.

Да им дадете втора шанса на овие луѓе, може само да биде опасно за вас. Клучно е да ѝ дадете приоритет на вашата безбедност.

ovie-lichnosti-nikogash-ne-zasluzhuvaat-da-im-dadete-vtora-shansa-05.jpg

Личности кои никогаш не се извинуваат

Извинувањето има голема моќ, тоа покажува каење, прифаќање на сопствените грешки и подготвеност за промена. Но, што е со оние кои никогаш не се извинуваат?

Овие поединци ретко ги признаваат своите грешки и не преземаат одговорност за своите постапки. Тие може да ја отфрлат вината, да бараат изговори или да ги свртат работите за да се чувствувате виновни.

Секој прави грешки, но начинот на кој се справуваме со нив е она што навистина нè дефинира. Вие заслужувате да бидете со луѓе кои можат да признаат кога грешат и кои се трудат да направат подобро.

Нарцисоидни личности

Нарцисоидните личности имаат тенденција да ги игнорираат или омаловажуваат чувствата на другите и немаат емпатија.

Да се биде во врска со ваква личност може да биде многу штетно. Тие може да ве натерат да ја доведете во прашање вашата вредност, разумност и реалност.

Давањето втора шанса на нарцисоидна личност најчесто резултира со голема болка и конфузија. Таквите личности најверојатно нема да се променат, затоа што во нивните очи тие никогаш не грешат.

ovie-lichnosti-nikogash-ne-zasluzhuvaat-da-im-dadete-vtora-shansa-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg