Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите

Се сеќавате на The Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи пробуваа да живеат како луѓето од средна класа? А, дали се сеќавате на бизарното шоу 16 and Pregnant?

pimp-my-ride-i-ushte-9-bizarni-realni-shoua-shto-gi-gledavme-na-mtv-vo-2000-tite-01.jpg

Раните 2000-ти беа златна ера за реални шоуа на телевизијата MTV.

Овој период немавме социјални мрежи, па единствениот начин да ѕирнеме во нечиј живот, дури и оној на познатите, беа реалните шоуа.

А, на популарната музичка телевизија не недостасуваа вакви програми.

Некогаш со сомнителна содржина, некогаш навредливи, а некогаш и бизарни, реалните шоуа на MTV одбележаа дел од нашето детство, без разлика што некои можеби не беа соодветни за наша возраст.

Дел од реалните шоуа што ги гледавме во раните 2000-ти:

MTV Cribs

Пред ерата на социјалните мрежи, реалното шоу MTV Cribs ни овозможуваше да ѕирнеме во раскошниот живот на познатите.

Во секоја епизода од шоуто, позната личност правеше тура низ нејзиниот дом.

Шоуто се емитуваше од 2000 до 2010 година и во тој период беа прикажани домовите на над 100 славни личности.

Интересно е што во 2021-ва MTV го обнови шоуто со нови епизоди.

Pimp My Ride

Се сеќавате ли на лудите автомобили со конзоли за видеоигри, машина за пуканки, па и џакузи што ги гледавме во Pimp My Ride?

Во популарното реално шоу, автомобилите на учесниците кои беа избрани беа трансформирани во нешто што би го посакал секој.

Сепак, подоцна се дозна дека она што го гледавме во шоуто било далеку од реалностa, што можеби е и очекувано.

Имено, по завршувањето на снимањето, екипата од шоуто си ги земала скапите работи од автомобилите, како конзолите за видеоигри, па учесниците останувале со практично уништено возило.

16 and Pregnant

Дефинитивно едно од поконтроверзните шоуа што се емитувале на MTV , а не би требало да има ваква содржина. 

Како што кажува и името, реалното шоу се фокусираше на 16-годишни девојки кои останале бремени.

Секоја епизода го следеше животот на различна девојка, од средината на бременоста, до раѓањето на бебето.

Можеби најчудно е што шоуто имаше нова сезона во 2020 година.

Room Raiders

Room Raiders е таканаречено „дејтинг шоу“ во кое учесниците пробуваат да си најдат партнер.

„Главниот“ учесник одеше во детските соби на тројца други ученици и според она што го наоѓаше таму, одлучуваше со кого сака да оди на романтичен состанок.

А, работите што ги откриваа во детските соби некогаш беа ништо помалку од одвратни.

Jackass

Реалното шоу на Џони Ноксвил стана толку популарно, што се претвори во цела франшиза.

Во шоуто (и неколкуте филмови) Ноксвил и неговите пријатели прават бизарни и опасни предизвици кои неретко завршуваат и со повреди.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg