Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите мемиња?

Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто на згодната девојка во црвен фустан, а таа делува како да „умира од досада“? Иако е забавно и смешно, знаете ли што се крие зад оваа фотка и како настанала?

devojkata-shto-umira-od-dosada-devojcheto-so-zloben-pogled-koja-e-prikaznata-zad-najpoznatite-meminja-01.jpg

Некои од најпознатите мемиња се стари и дваесет години, а сепак се многу популарни и денес.

Дали се сеќавате на девојчето со злобен поглед зад кое гори куќа? Дечкото што шета со својата девојка, но се врти по друга додека ја држи за рака?

Или на девојчето што седи во автомобилот со поглед кој како да е комбинација од „сеедно ми е“ и „не ме замарајте“.

Што се крие зад сите овие фотографии? Кои се луѓето на нив и како настанале?

Девојчето со злобен поглед

Девојчето со злобен поглед е Зои Рот. Таа имала 4 години, кога нејзиниот татко, Дејв, во 2005 година го фотографирал пожарот што се случил во Северна Каролина, САД.

Три години подоцна, оваа фотографија, на која неговата ќерка има „ѓаволски поглед“, добила награда за најдобра аматерска фотографија.

Во интервју за New York Times, Дејв изјавил дека тој не направил ниедно меме со ликот на ќерка си.

„Луѓето ја користат фотката во различни ситуации, како што ним им одговара. А јас се забавувам кога ја гледам нивната креативност“, рекол тој.

Зои, пак, низ годините заработила многу пари од виралната фотографија, а парите ги искористила за да плати за своето студирање, а дел донирала и за хуманитарни цели.

devojkata-shto-umira-od-dosada-devojcheto-so-zloben-pogled-koja-e-prikaznata-zad-najpoznatite-meminja-02.jpg

Момчето од ноќниот клуб

Иако повеќето мемиња се забораваат по неколку дена, фотографијата на која момче ѝ раскажува нешто на девојка што делува како да ѝ е многу здодевно, и денес е хит.

Фотографијата е направена во 2018-та, во ноќен клуб во Единбург, Шкотска.

Момчето на фотката е Патрик Ричи, а згодната девојка е негова школска другарка, Луција Горман.

„Таа ми е една од најдобрите другарки од училиште и најверојатно ѝ било преку глава да ме слуша“, рекол Патрик, коментирајќи како настанала виралната фотографија.

И Луција има сличен коментар:

„Не се сеќавам што ми зборуваше, затоа што Патрик често ‘тресеше глупости’, ама мислам дека само стоев така и се правев дека го слушам“.

devojkata-shto-umira-od-dosada-devojcheto-so-zloben-pogled-koja-e-prikaznata-zad-najpoznatite-meminja-04_copy.jpg

Дечкото што се врти по друга девојка

Едно од најпопуларните мемиња и денес е она на момчето што ја држи за рака својата девојка, но се врти по друга и делува како да ѝ свирка.

Фотографијата, е всушност од фотосесија на Антонио Гиљем, кој ја насловил „Маж гледа друга жена“.

Идејата била момчето да се сврти преку рамо за да погледне во другата жена, додека неговата девојка е лута и згрозена од неговото однесување.

„Никогаш не помислував дека некоја моја фотографија може да стекне толкава популарност“, рекол Антонио во една пригода.

Сепак, во 2018-та година оваа фотка беше опишана како „сексистичка“ и забранета да се користи за реклами во Шведска.

devojkata-shto-umira-od-dosada-devojcheto-so-zloben-pogled-koja-e-prikaznata-zad-najpoznatite-meminja-03_copy.jpg

Незаинтересираното девојче во автомобил

Во 2013-та светот дозна за Клои Клем, кога мајка ѝ Кејти ја сними нејзината незаинтересирана реакција во моментот кога ѝ кажуваат дека ќе ја водат во Дизниленд.

Мемето е извадено од видео, на кое нејзината сестра Лили плаче од среќа, а Клои „фрла“ поглед отстрана кон мајка си.

Оваа фотка се споделува и денес, иако оттогаш се поминати 11 години.

devojkata-shto-umira-od-dosada-devojcheto-so-zloben-pogled-koja-e-prikaznata-zad-najpoznatite-meminja-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg