Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства
Семејството Оназис
По смртта на Џон Ф. Кенеди, Џеки Кенеди почнала врска со богатиот Грк Аристотел Оназис.
И, многумина веруваат дека од едно проколнато семејство, се вмешала во друго, а некои веруваат и дека таа ја „пренела“ клетвата од семејството Кенеди на семејството Оназис.
Во 1974 година, синот на Аристотел Оназис починал во болница откако доживеал авионска несреќа.
Аристотел Оназис и Џеки
По ова, семејство се соочувало само со трагедии.
Поранешната сопруга на Оназис починала, најверојатно од предозирање со лекови.
Една година подоцна, и самиот Оназис починал од пневмонија.
По смртта на уште еден член кој почина од инфаркт, денес има само еден наследник на богатото семејство.
Аристотел Оназис и Џеки
Семејството Грималди
Суеверните луѓе веруваат дека ова семејство е проколнато цели седум века.
Семејството Грималди владее со Монако уште од 1400-тите и тие се симбол на богатство и моќ.
Но, и покрај моќта, семејството не можело да ги спречи бројните несреќи.
А, постои и навистина интересна легенда за тоа од каде потекнува нивната клетва.
Членови на семејството Грималди
Имено, во 13-тиот век, принцот Раниер Први од семејството Грималди киднапирал и силувал девојка.
Сакајќи да му се одмазди, таа станала вештерка и го проколнала семејството на принцот – никој од нив да не доживее вистинска среќа во љубовта.
И, низ годините, постојат безброј гласини за скандали, неверства и разводи за Грималди, поради што неретко е нарекувано и најнефункционалното семејство во светот.
Можеби најпозната е трагедијата за починатата принцеза од Монако која стана и актерка – Грејс Кели.
Таа никогаш не била среќна во бракот со принцот Раниер Трети, а загина во 1982-ра во сообраќајка.
Ниту децата на Грејс Кели, ниту кој било од семејството како да не видел среќа во бракот.
Сега, пак, принцезата Шарлин од Монако ја нарекуваат и „најтажната принцеза на светот“.
Принцезата Шарлин, принцот Алберт и нивните деца
Семејството Романов
Се верува дека Распутин бил тој што го проколнал кралското семејство Романов. Наводно, синот на царот имал хемофилија, а Распутин успеал да го излечи.
Нормално, дискутабилно е дали Распутин навистина имал некаква дарба за лекување – многу поверојатно е дека само имал среќа додека пробувал да го излечи синот на царот.
Ова било доволно за вербата на царот во Распутин да се зацврсти.
Распутин
Сепак, додека да почне Првата светска војна, во палатата на царот се шпекулирало дека Распутин е германски шпион. Поради гласините, имало заговор Распутин да биде избркан од палатата.
Наводно, Распутин дознал за ова и му рекол на царот дека доколку биде убиен, за две години рускиот народ ќе го убие целото кралско семејство.
Распутин бил убиен во 1916 година. Она што е морничаво е што царот, сопругата и нивните деца биле убиени две години подоцна, во 1918-та.
Семејството Романов
Спирова С. | Црнобело