Факти за Гркот Аристотел Оназис и проклетството на неговото семејство – беше најбогат човек во светот, се ожени со Џеки Кенеди
Првата сопруга на Аристотел Оназис го фатила како има секс со љубовница на нивната јахта, а подоцна се предозирала со лекови. По неа се венчал со Џеки Кенеди, која избегала од проклетството кое го зафатило семејството Оназис, во кое речиси сите членови трагично го изгубиле животот. Денес има само една наследничка на ова семејство.
Аристотел Оназис бил еден од најбогатите и највлијателните Грци во текот на 20-иот век.
Познат како втор сопруг на Џеки Кенеди, како човекот кој имал долгогодишна афера со оперската пејачка Марија Калас, но и како предводник на семејството што ќе биде погодено од низа трагедии.
Атина Оназис е последниот жив член со ова презиме и денес живее подалеку од очите на јавноста и прави сè за да ја сочува сопствената приватност.
Во продолжение повеќе интересни факти за Гркот што беше најбогат човек во светот во минатиот век:
Аристотел Оназис бил сопственик на бродоградителска компанија и сопственик на авиокомпанијата Olympic Airways, а своевремено беше прогласен и за најбогат човек во светот со богатство од 500 милиони долари за време на неговата смрт во 1975-та година, што денес би вределе околу 2.3 милијарди долари.
Сепак, приказната на неговото семејство е исполнета со голем број трагедии и несреќи, заради што честопати се вели дека Џеки Кенеди побегнала од едно проколнато семејство, а се омажила за друго.
Аристотел бил во брак со Атина Мери Ливанос од 1946-та до 1960-та година и со неа ги добил двете деца, синот Александар и ќерката Кристина. Децата израснале со негувателки, а уште кога бил тинејџер Александар добил свој стан во Париз, со што Аристотел се надевал дека тој ќе стане понезависен и ќе покаже подобри резултати во образованието.
Во текот на бракот Аристотел постојано ја изневерувал сопругата, а познато е дека во 1957-мата година ја запознал оперската пејачка Марија Калас во која веднаш се вљубил.
Толку се гордеел на нивната афера, па секаде јавно се фалел дека е заедно со неа. Според приказните, сопругата Атина во една прилика ги фатила како имаат секс на нивната јахта, по што поднела документи за развод во 1960-та година.