Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата
- Детали
- недела, 07 август 2022
Само неколку денови пред свадбата дознала за вонбрачните деца на принцот и сакала да го напушти, а тој со обезбедување ја вратил. Со солзи во очите му го кажала судбоносното „ДА“, а веста за третото вонбрачно дете целосно ќе ја скрши – факти за принцезата Шарлин од Монако, која ја нарекуваат најтажната принцеза во светот.
Во моментов можеби е единствената принцеза која не потекнува од британското кралско семејство, а привлекува внимание во јавноста по тоа што ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“.
Таа е наследничка на легендарната Грејс Кели, а русокосата принцеза со тажен израз на лицето во последните две години беше топ-тема во медиумите заради шпекулациите поврзани со нејзиното ментално здравје. Сепак, малкумина ја знаат во целост нејзината приказна.
Се верува дека нејзината тажна судбина се должи на проклетството поврзано со кралското семејство во Монако.
Според легендите, принцот Раниер Први во 13-иот век киднапирал фламанска жена која го проколнала. Се верува дека жената го проколнала тогашниот владетел: ниту тој, па ниту неговите потомци со презимето Грималди да не најдат среќа во бракот.
Дали нејзината судбина е производ на проклетство или на низа животни случувања?
Погледнете повеќе интересни факти за Шарлин Грималди, најтажната принцеза на светот:
Шарлин е родена во 1978-ма година во малото гратче Булавајо во Зимбабве, каде мајка ѝ работела како тренер за пливање, а татко ѝ менаџер за продажба. Таа има уште двајца браќа.
Кога имала 12 години нејзините родители одлучиле да се преселат во Јужна Африка каде таа тргнала по стапките на мајка ѝ и почнала да се занимава со пливање, по што станува позната како спортист.
Во 2000-тата година Шарлин беше дел од олимпискиот тим што ја претставуваше Јужна Африка на Олимписките игри во Сиднеј, Австралија. Никој не очекуваше дека овој настап во целост ќе ѝ го промени животот.