10 бон-тон правила што треба да ги почитувате во италијанските ресторани
Нарачувате тестенини како прилог
Во италијанската кујна, тестенините, без разлика како се приготвени, се сметаат за главно јадење.
Секогаш нарачувајте ги тестенините како главно јадење, а доколку не можете да ги дојадете, слободно побарајте од келнерот да ви ги спакува остатоците за дома.
Ставате пармезан на морска храна
Не е неучтиво да побарате повеќе пармезан во италијански ресторан, сè додека внимавате за што го барате.
Во повеќето ресторани, дури и ќе ви дадат екстра пармезан за тестенините без да побарате.
Но, никако не ставајте пармезан на морска храна.
Комбинацијата од морска храна и пармезан е ужасна според Италијанците.
Не му кажувате на келнерот кога може да ги собере чиниите
Кога ќе завршите со јадење во италијански ресторан, учтиво е да му кажете на келнерот за да знае да ги собере чиниите.
За ова можете да го викнете, или да ги ставите ножот и виљушката на чинијата, како на фотографијата подолу.
Нарачувате капучино со главниот оброк
За Италијанците, капучиното е кафе што се пие со појадокот бидејќи има млеко и е покалорично.
Всушност, тие го гледаат капучиното и како цела ужина.
Со ручек, најдобро е да нарачате еспресо.
Си ставате крпа/салфета во блузата
Кога јадете храна со сос кој може да ви ја извалка облеката, нормално дека сакате да се заштитите.
Но, немојте да ставате крпа или салфета во блузата бидејќи се смета за неучтиво, а делува и неуредно бидејќи со ова покажувате дека сте несмасни кога јадете.
Спирова С. | Црнобело