10 бон-тон правила што треба да ги почитувате во италијанските ресторани
Јадете леб со тестенините и нарачувате капучино со ручекот – Кои се најчестите грешки што ги правиме во италијанските ресторани?
Италијанските ресторани се можеби едни од најпопуларните ширум светот.
Сепак, и покрај ова, кога станува збор за италијанската кујна постојат некои правила кои сите настојуваме да ги игнорираме или забораваме.
Проблемот е што кога ќе отидете во италијански ресторан, особено во Италија, и направите некоја од овие грешки, може да ги навредите локалците или готвачот.
Италијанците се мошне чувствителни за нивната кујна и очекуваат сите да покажуваат почит.
Па, кои грешки треба да ги избегнувате?
Јадење леб со тестенините
Лебот и тестенините имаат практично исти состојки, па нема логика со тестенините да јадете и леб.
Ако одите во италијански ресторан и на масата ви донесат леб, тој не е прилог за тестенини, туку за супи, салати и слично.
Го дојадувате сосот со леб
Ова правило зависи од ресторанот – ако сте во „полежерен“ локал, не би требало да е проблем да го дојадете сосот од тестенините со мало парче леб.
Но, доколку сте во „фенси“ ресторан, избегнувајте ја оваа грешка.
Макате маслиново масло од заедничкиот сад
Во италијанските ресторани, со лебот неретко носат и сад со маслиново масло бидејќи Италијанците навистина уживаат во вкусот на оваа комбинација како предјадење.
Но, никако немојте да макате од садот кој е донесен за сите.
Наместо тоа, ставете мало количество во вашата чинија.
Подавате храна од левата страна
Ако сте во ресторан со поголема група, немојте да ја подавате храната од вашата лева страна, бидејќи според италијанскиот бон-тон, ова се смета за неучтиво.
Подавајте ја храната само од десната страна, а притоа кога ќе ви понудат нешто, земајте го само доколку сте сигурни дека ќе го изедете - Италијанците мразат да фрлаат храна.
Сечење шпагети
Никогаш не треба да ги сечете шпагетите и сличните долги тестенини, како фетучини.
Правилниот начин на јадење е да ги замотате на виљушката, како мало гнездо, и така да ги ставите во уста.