Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“
Во 2018-та, пак, во интервју за Daily Mail, Мае откри дека стравувала и дека луѓето околу неа ќе дознаат за нејзиното минато.
Таа уште тогаш ги сподели и грижите за синот.
Фред Вест во градината од семејниот дом
„Загрижена сум дека луѓето ќе откријат која сум. Се плашам и дека син им ќе дознае за неговите баба и дедо. Ќерка ми е поголема и знае и некако се справи со тоа.
Ја најде кредитната картичка на чичко ѝ, го виде презимето Вест и пребара на Гугл. Посакувам да не откриеше така.
Проблем е што сум дел од семејството Вест. Знам дека не можам да работам со деца, а морам и самата да се штитам. Бидејќи, ако нешто им се случи на моите деца, ако се повредат или што било, јас ќе бидам обвинета поради моето потекло.
Размислував да побегнам и да одам во Австралија, но не ми дозволуваат да влезам во државата поради злосторствата на моите родители“.
Куќата во којашто убивале Роуз и Фред
Светот дозна за грозоморните убиства на Роуз и Фред Вест во 1994 година. Тогаш полицијата упаднала во нивниот дом барајќи го телото на нивната ќерка Хедер.
Местото каде што биле пронајдени остатоците од жртвите на парот во англиските медиуми стана познато како „Куќа на хоророт“.
Подрумот во којшто ги чувале телата на жртвите
Роуз и Фред имале вкупно осум деца. Покрај што ја убиле ќерка им Хедер, Роуз ја убила и ќерката на Фред од неговиот прв брак.
Парот бил обвинет за 12 убиства, но најверојатно имале и повеќе жртви.
Фред ги признал злосторствата и тврдел дека не добивал помош од сопругата.
Роуз, пак, тврдела дека е невина.
Фред Вест
И двајцата добиле доживотна казна затвор, но Фред извршил самоубиство кратко откако бил затворен.
Роуз ќе го помине животот зад решетки, без никаква можност за помилување или намалување на казната.
Роуз Вест
Спирова С. | Црнобело