Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа)

Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им подарите на најблиските без да ги навредите?

podaroci-koi-ne-smeete-nikogash-da-im-gi-kupuvate-na-najbliskite-i-shto-da-izberete-namesto-toa-01.jpg

Многу е лесно да одберете подарок за некој што има хоби, или некој кому добро му го познавате вкусот. Но, што ако треба да одберете подарок за некој кој има специфичен вкус, кој не сака изненадувања, кој може да се навреди ако му подарите нешто што смета дека е „несоодветно“?

Што сè има на листата со подароци кои не би требало да им ги купувате на саканите? И, кои предмети се одлична замена за нив?

Мирислива свеќа

Мирисливите свеќи се многу популарен подарок. Па, кога ќе ја купите за да ја подарите некому, првата помисла е дека воопшто не сте се потрудиле при изборот и дека таа личност, всушност, и не ви е важна.

Ова е супер подарок за луѓе кои не ви се многу блиски, на пример за некој колега од работа. Но, за најблиските треба да изберете нешто поинакво, на пример парфем.

Парфемот се смета за интимен подарок, бидејќи покажува дека добро ја познавате личноста за која сте го купиле подарокот, како и личните преференции и типот на парфем што го сака (односно не го сака).

podaroci-koi-ne-smeete-nikogash-da-im-gi-kupuvate-na-najbliskite-i-shto-da-izberete-namesto-toa-02.jpg

Предмети во вид на срце

Лесно е да му покажете некому дека го сакате со тоа што ќе му подарите нешто во форма на срце.

Избегнувајте накит, бонбониери или балони во вид на срце кои се „здодевни“ и очекувани подароци.

Тој што ќе го добие овој подарок може и да си помисли дека сте го избрале набрзина, без да се потрудите.

Бонбоните ќе се изедат, балонот ќе се издише...

А ако веќе се решите за накит, не мора да купите прстен, приврзок, или обетки со срце.

Наместо тоа изберете парче накит во поинаква форма, а која целосно ќе одговара на карактерот и ќе биде по вкус на оној за кој е наменет.

podaroci-koi-ne-smeete-nikogash-da-im-gi-kupuvate-na-najbliskite-i-shto-da-izberete-namesto-toa-07.jpg

Кадифени играчки

Кадифените мечиња се повеќе подарок за деца, отколку за возрасните. И не се никакво изненадување.

Ако сакате да подарите нешто меко и слатко, тогаш изберете практичен подарок, на пример плетено ќебе или крзнени папучи, кои освен што изгледаат убаво, истовремено се и практични.

podaroci-koi-ne-smeete-nikogash-da-im-gi-kupuvate-na-najbliskite-i-shto-da-izberete-namesto-toa-03.jpg

Предмети за домаќинството или за чистење

Практичните подароци се добри, но избегнувајте да купувате предмети за домаќинството за брачниот партнер или за партнерот.

Ако купите правосмукалка, на пример, подарокот ќе ги потсетува на домашните активности кои никој не ги обожава.

Наместо тоа, изберете нешто персонализирано и поромантично, како маичка или шолја за кафе со испечатена порака, а инспирирана од тој што ќе го добие подарокот.

podaroci-koi-ne-smeete-nikogash-da-im-gi-kupuvate-na-najbliskite-i-shto-da-izberete-namesto-toa-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)? Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најши...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg