5 причини зошто е добро да спиете на подот (како Јапонците)

Го подобрува држењето на телото, а може да ги намали и болките во грбот – кои се придобивките од спиењето на под, како Јапонците?

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-01.jpg

Добро познат факт е дека Јапонците преферираат да спијат на подот. Нивните традиционални кревети се познати како футони и претставуваат вид душек кој е директно поставен на подот.

Спиењето на ваков кревет е јапонска традиција стара илјада години, а од неа има и бројни здравствени придобивки.

Неколку причини зошто е добро да спиете на подот:

Намалена болка во грбот

Спиењето на потврда, рамна површина е одлично за грбот и може дури и да ја намали болката во оваа област.

Точно е дека спиењето на мек кревет е поудобно, но исто точно е и дека по некое време, душеците се вдлабнуваат и не нудат соодветна потпора.

Дури и експертите препорачуваат да не се спие на премногу мек душек.

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-02.jpg

Го подобрува држењето на телото

Бидејќи спиењето на потврда подлога ја дава потребната и правилната потпора на ’рбетот, по некое време може и да го подобри држењето на вашето тело.

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-03.jpg

Може да ја подобри циркулацијата

Кога спиете на потврда површина, тежината на телото е порамномерно распоредена.

Односно, не се создава непотребен притисок на одредени делови од телото.

Токму поради ова, може да се подобри циркулацијата на крвта.

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-04.jpg

Станувањето наутро може да биде полесно

Ретки се луѓето кои веднаш, без проблем стануваат од креветот штом ќе се разбудат.

Ако наутро ви е тешко да се одделите од креветот, можеби спиењето во јапонски стил ќе ви биде од помош.

Јапонските кревети не се удобни за излежување како меките душеци на коишто сме навикнати, што значи полесно ќе се натераме да станеме.

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-05.jpg

Може да биде поекономично

Јапонските футони се совршени за мали домови – зафаќаат помалку простор од кревет, а притоа можете да ги соберете кога ќе се разбудите.

Истовремено, тие се и поевтини од класичен кревет.

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-06.jpg

Кој не треба да пие на подот?

Сепак, и спиењето на подот не е за секого.

Не е препорачливо да спиете на подот доколку:

Имате алергии – на подот има повеќе прашина, па ако сте склони кон алергии, ова може да ви ги „активира“ симптомите.

Имате проблеми со коските – спиењето на подот може да создаде притисок на зглобовите и да ја влоши состојбата.

Спаѓате во постара група луѓе – со возраста, се намалува подвижноста, па спиењето на подот може да не ви биде најудобно, а и станувањето да ви биде потешко.

Навечер ви е многу ладно – ако спиете на подот, најверојатно ќе ви биде уште поладно.

5-prichini-zoshto-e-dobro-da-spiete-na-podot-kako-japoncite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg