Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стари (и подзаборавени) имиња за момчиња со убаво значење

Секое име има значење и симболика кои кажуваат нешто за личноста која го носи. Невен, Тихомир, Живко - ви претставуваме неколку стари, подзаборавени машки имиња со убаво значење кои можеби ќе ви бидат инспирација доколку очекувате момче.

stari-i-podzaboraveni-iminja-za-momchinja-so-ubavo-znachenje-01.jpg

„Nomen est omen“ е добро позната латинска поговорка, која се преведува како „името е знак“.

Постои верување дека името на човекот е длабоко вкоренето во неговата душа и дека кога ќе го именуваме своето дете, со самиот избор на името однапред одредуваме какви особини ќе има и какво место ќе заземе на овој свет.

Постојат низа различни имиња кои се популарни денес.

Од оние традиционалните, убави и добро познати, до помодерни, кратки и впечатливи. 

Но, има и такви кои се речиси заборавени, па сега ретко сретнуваме луѓе кои го носат името на нашите предци, кои своето име го добиле од своите прабаба и прадедо.

Еве дел од нив:

Арсеније - потекнува од грчкиот збор „арсениос“ што во превод значи силен, храбар и мажествен.

Богдан - името е со словенско потекло и значи „од Бога даден“.

Јоаким - името е со еврејско потекло, а значи „утврден, подигнат, основан од Јехова“.

Невен - името е со словенско потекло и е добиено од цветот невен.

stari-i-zaboraveni-iminja-za-momchinja-so-ubavo-znachenje-03.jpg

Алјоша - името потекнува од грчкото име Алексис и значи „помагач или бранител“.

Гаврило - името е со еврејско потекло и буквалното значење на името е „Бог е мојата сила“.

Живко - името е со словенско потекло и значи „живот“.

Ѕвонимир - името е со словенско потекло, а според некои толкувања името значи „звук на мирот“.

stari-i-zaboraveni-iminja-za-momchinja-so-ubavo-znachenje-02.jpg

Јасен - името е со словенско потекло и значи „јасен, светол“.

Раде - произлегува од името Радој и е со словенско потекло, а значи „радосен, полн со радост“.

Тихомир - името е со словенско значење, а значи „тивок“.

Чедомир - името е со словенско потекло и е сложенка од зборовите „чедо, дете, мир“.

stari-i-zaboraveni-iminja-za-momchinja-so-ubavo-znachenje-04.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радос...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg